Меган Маркл и принц Хари пресекоа: По раѓањето на ќерката, ќе се повлечат од јавноста – еве како ќе изгледа нивниот нов живот!

Донеле одлука

Војводата и војвотката од Сасекс по раѓањето на ќерката сакаат да поминат квалитетно време со децата, далеку од медиумите

По експлозивното интервју што го дадоа Меган Маркл и принц Хари за водителката Опра Винфри, во кое изнесоа обвинувања на сметка на британското кралско семејство, двојката донела одлука да се повлече од јавноста по раѓањето на второто дете.

Имено, кога војвотката од Сасекс ќе се породи на почетокот на летото, тие ќе дадат сè од себе да поминат квалитетно време заедно, далеку од медиумската помпа.

Извор близок на парот рекол дека Меган и Хари ова лето планираат по раѓањето на ќеркичката да се повлечат од јавноста и да се посветат на грижата за децата, далеку од медиумската помпа.

Па така, војводата од Сасекс, кој штотуку ја доби својата прва вистинска работа во една фирма за животен тренинг и ментално здравје, некое време ќе го прекине и својот работен ангажман.

Сопружниците, кои моментално живеат во луксузна вила вредна 14 милиони долари во Калифорнија, со таа одлука ќе ги остават на страна и своите милионски договори со Нетфликс и Спотифај, кои всушност се нивниот главен извор на приход откако кралското семејство им ги укинало финансиите.

Кога Меган ќе го роди второто дете, ќе биде лето, а и двајцата сакаат да бидат слободни од сите обврски, за да можат да поминат квалитетно заедничко време штом им пристигне приновата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.