Чизкејк-топчиња од само четири состојки без печење: Совршенство од вкусови, готово за миг!

Превкусни

Чизкејкот е еден од омилените десерти ширум светот

Станува збор за многу флексибилен десерт кој одлично оди со шумско овошје, јаткасти плодови и чоколадо. Најдобро е тоа што постојат верзии и без печење, кои лесно се приготвуваат и дома.

Ние ви нудиме рецепт за наједноставниот чизкејк во форма на топчиња, кај кои најтешката задача е чекањето да се стегнат во фрижидер и да бидат подготвени за консумација.

Состојки:
  • 200 г несолено крем-сирење
  • 100 г мелени бисквити
  • 25 г шеќер во прав
  • бело или црно чоколадо за прелив
Приготвување:

Извадете го крем-сирењето од фрижидер околу половина час пред подготовката за да омекне малку. Матете го со шеќер во прав додека добиете мазна еднолична смеса. Измешајте ги издробените бисквити со кремот. Слободно послужете се со различни видови: чајни колачиња, плазма и слично. Ставете ја смесата во фрижидер барем еден час да се стегне. Поделете ја оладената смеса на помали топчиња. Ставете ги во замрзнувач 30-60 минути.

На пареа или во микробранови печка, стопете бело или темно чоколадо, па сипете го врз оладените топчиња. Вратете ги топчињата во замрзнувач да се стегне чоколадото до крај, а потоа ставете ги во кутија и чувајте ги во фрижидер.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.