Марина Туцаковиќ ја загуби битката со болеста: Авторката на најголемите хитови замина меѓу легендите

Фото: Лука Шарац

Се бореше до последниот здив

По долга и тешка болест, денес, на 19 септември 2021 година, во 67-та година од животот, почина славниот текстописец Марина Туцаковиќ.

Марина последните денови од животот ги помина во болница, каде што беше префрлена во вторникот на 14 септември бидејќи ѝ се слошило и каде што беше приклучена на респиратор, а беше и позитивна на коронавирусот.

Како што сама откри во едно свое интервју, таа со години пред да ѝ ја постават дијагнозата канцер на дојка знаела дека нешто не е во ред, но не одела на лекар…

Меѓутоа, последниве две години, Марина успешно се лекуваше од подмолната болест, за која неколку пати зборуваше во медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marina Tucaković (@marina.tucakovic)

Иако многумина веруваа, вклучувајќи го и нејзиниот син Милан Радуловиќ Лаќа дека таа ќе успее да ја победи болеста, сепак тоа не се случи. Сега целата естрада тагува, а по повод смртта на мајка си и Лаќа се огласи на социјалните мрежи.

Тој на својот инстаграм-профил објав фотографија што прикажува целосна темнина.

Milan Radulović Laća

А само пред два дена, тој се огласи на Твитер објавувајќи статус дека нема да дава изјави за медиумите додека Марина биде подобро. За жал, тоа не се случи…

(Неговиот твит за состојбата на мајка му можете да го прочитате ТУКА).

Цеца Ражнатовиќ со години соработуваше со Марина, а сега остана без зборови…

Занемев! Зад неа е долга и мачна борба! И колку и да ја знаевме сериозноста на ситуацијата, јас повторно немам зборови! Замина една вонсериска душа, жена што од секоја ситуација создаваше поезија, некој на чија работа никој не остана имун, а ние што ја имавме за пријател можеме да се сметаме за привилегирани! Марина моја драга, одмори си ја душата и знај дека секогаш ќе бидеш сакана од сите нас“, напиша Цеца на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

И Јелена Карлеуша со емотивни зборови се прости од Марина…

Marina Tucaković, Jelena Karleuša

Маки моја… Барам зборови… Во ова пос*ан живот полн со болка, страдање и тага, ти остави најубава трага… А за тоа белки вреди да се живее… Ти благодарам за се’“, напиша Јелена на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

За време на својата долгогодишна атмосфера, Марина Туцаковиќ напиша неколку илјади песни за познатите пејачи и на тој начин им помогна да изградат успешни кариери. Некои од најпознатите пејачи со кои соработуваше се Здравко Чолиќ, Тоше Проески, Цеца Ражнатовиќ, Јелена Карлеуша, Нина Бадриќ, Ана Николиќ, Неда Украден и многу други.

Фото: Инстаграм, Србија данас

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.