ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 20 септември: Ден како создаден за нови почетоци!

Астро-прогноза

Јарецот е осамен, Бикот е во опасност, Водолијата е среќна и задоволна, Терезијата е збунета

ОВЕН

Немојте да се залетувате со нови деловни одлуки и покажете дека сте подготвени да почекате работите да се решат сами. Доколку сте во брак, возможно е да постојат некои тајни помеѓу вас и саканата личност. Проблеми со дигестијата.

БИК

Не сте сигурни кој би требало да биде вашиот следен потег на работен план. Ви треба време да одлучите што понатаму. Ќе запознаете интересна личност, која многу лесно ќе разбуди нов интерес во вас. Осетливи дишни патишта.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува многу тежок ден. Обидете се да бидете доволно приземни и да одбегнувате непотребни драми. Многу сте загрижени за вашата работна ситуација, па ја занемарувате љубовта. Одете на лекар за контрола.

РАК

Лесно може да се случи да дојде до непредвидени компликации и пресврти на поле на работа. Ви треба многу време за да го надминете несреќното љубовно искуство од минатото. Ви се појавуваат проблеми поради замор. Овозможете си повеќе сон.

ЛАВ

Не брзајте кога ја работите вашата работа, обидете се да бидете доволно сконцентрирани и да одбегнувате правење грешки. Иако сте мислеле дека сакате да раскинете, ви се јавуваат нови емоции кон партнерот. Напнати сте психички.

ДЕВИЦА

Изгубивте надеж дека ситуацијата на сегашната работа ќе се поправи и подготвени сте да барате ново работно место. Иако умеете да бидете многу флексибилни, денес ќе ви пречат многу работи и ќе бидете склони на расправии. Проблеми со грчеви.

ТЕРЕЗИЈА

Можно е да имате помали конфликти со оние што се над вас. Дистанцата помеѓу вас и саканата личност трае веќе подолго време. Можно е да се појавила трета личност во врската. Обрнете внимание на грбот.

СКОРПИЈА

Доколку планирате патување, можете да се надевате на добри околности. Ова е поволен ден и за каква било продажба. Ви се допаѓа една необична личност со која имате полупријателски однос. Ноншалантно флертувате. Внимавајте на циркулацијата.

СТРЕЛЕЦ

Ве загрижуваат трошоците што ве очекуваат наредниот период. Можно е да ви треба некој помал заем. Губите доверба во партнерот, бидејќи имате чувство дека не е искрен за многу работи. Можни се воспаленија или инфекции.

ЈАРЕЦ

Имате впечаток дека не се сите посветени на работа онолку колку што сте вие. Сметате дека затоа се одолговлекуваат некои работи. Не сте пронашле среќа во бракот и можно е да се чувствувате празно. Внимавајте на бубрезите.

ВОДОЛИЈА

Денешниот ден може да ви донесе некои отежнувачки околности кога станува збор за работата. Можете да очекувате интересен љубовен расплет. Доколку сте биле во паралелна врска, сега ќе се одлучите за една личност. Покачен притисок.

РИБИ

Ви претстои генерално добар ден, можете да очекувате дека ќе бидете сосема задоволни. Ве очекува можност да започнете сериозна љубовна врска која би можела да потрае во иднина. Осетливи стапала и зглобови.

Ретроградниот Меркур носи многу проблеми: Еве што go очекува вашиот хороскопски знак од 27 септември до 18 октомври!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.