Леди Ди никогаш не сакала да го облече ова поради принцот Чарлс: Доказ колку многу старадала по него

Приказната што открива колку била повредена

Принцезата Дајана, која загина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа, ќе остане запаметена како принцезата што народот ја обожавал. Нејзиното големо срце, убавината и насмевката останаа запечатени со трагичниот крај, а иако од нејзината смрт поминаа 23 години, интересот за нејзиниот живот не престанува.

Сите гестови на Дајана и модни избори се анализираат до детали, па така понекогаш испливува и по некоја тајна за која дотогаш не се знаело.

Австралискиот дизајнер Џејсон Брадсон во интервјуто за најновиот австралиски „Харперс базар“ раскажа дека принцезата не сакала да ја носи марката „шанел“ и тоа од една необична причина. Нивната средба се случила во 1996 година во Австралија, на еден хуманитарен настан.

Lejdi Di

Бев многу близок со фризерот на Дајана, кој ми се јави и ми кажа да дојдам и да ѝ помогнам да избере што да носи за еден хуманитарен настан. Бев воодушевен што конечно имам шанса да работам со жената на која цел свет ѝ се восхитува. Се сеќавам дека имаше фустан ‘версаче’, но немаше соодветни обувки за него, па јас ѝ донесов салонки „шанел“ за кои сметав дека одлично одговараат со фустанот. Мислев дека ќе биде воодушевена, но таа ми кажа дека не носи ‘шанел’. Кога ја прашав зошто, ми одговори: ‘Не можам да го носам брендот чиј логотип има две букви – CC – бидејќи ме потсетува на Чарлс и Камила“, раскажа Џејсон.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.