„Имав сериозни повреди“: Карлеуша за костим фрлила дури 30.000 евра, па завршила со рани по телото (ФОТО)

Си го барала, си го добила...

Секој со маката…

Пејачката Јелена Карлеуша по 11-годишна дискографска пауза издаде дури два албума „Алфа“ и „Омега“.

Освен за песните, јавноста многу зборуваше и за комбинациите на облека кои Јелена ги носеше во спот за песната „Karlyb*tch“.

Карлеуша сега на својот Инстаграм профил откри дека за еден костим издвоила дури 30.000 евра, коj и направил модринки на рамениците.

„Луѓето не знаат дека овој костим претставува уникатен модел на еден од најдобрите светски алтернативни дизајнери. За изработка требаше еден месец, целиот тежи скоро 20 килограми, а јас морав да го носам сиот тој товар на раменици. Снимав цел ден иако имав сериозни модринки. Навистина никогаш не зборувам за цени, но за овој костим јавно кажувам дека чинеше 30.000 евра“, напиша Карелуша.

Инаку, како изгледа споменатиот костим на Јелена можете да погледнете на фотографијата подолу.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.