5 катастрофални грешки во воспитувањето на машките деца: Најголемите пропусти што ги прават мајките!

Обрнете внимание

Ништо не може да му помогне на момчето кое расте во средина каде што односот помеѓу таткото и мајката е тежок

Некои родители прават грешки во одгледувањето синови, поради што машките деца подоцна не стануваат вистински мажи. Познати психолози откриваат 5 катастрофални грешки…

1. Претерана нега

Мајките особено сакаат да се грижат за своите синови, жртвуваат сè за своите деца и многу се горди на тоа. Но ова однесување на мајката е многу опасно за идниот маж. Ако мајката секогаш одлучува за сè наместо синот, напорно работи за него и го штити од сè, тој ќе стане несигурен и слаб маж кој ќе верува дека сите околу него нешто му должат и дека сите треба да го спасуваат.

Не треба претерано да се штитат синовите, туку да се остават да поминат низ одредени тешкотии и да стекнат свое искуство. Тоа не значи дека родителите не треба да се грижат за детето, туку да го учат како треба да постапи во одредени ситуации.

2. Обид на мајката да го замени таткото

Многу мајки денес се грижат за децата сами и се обидуваат да ги заменат двата родитела. Но колку и да сакаат, мајките мораат да сфатат дека тие не можат да бидат татковци. Мораат да останат такви какви што се, за да не го нарушат детскиот концепт за маж. Друга вообичаена ситуација е кога жените се обидуваат да најдат замена за биолошкиот татко и одбираат каков било маж, не мислејќи дека тоа ќе влијае негативно врз детето.

3. Приговарање за секоја грешка

Момчињата честопати се немирни и љубопитни, па уште од рана возраст се обидуваат да ја покажат својата независност. Но многу родители грешат што на детето му приговараат и за најмалата грешка. Ситуациите во кои родителите не им веруваат на зборовите на своето дете се особено лоши, таквото воспитување ја убива детската верба во сопствената сила, но ја поткопува и детската доверба во родителите.

Возрасните мораат да имаат на ум дека на детето му треба прифаќање и сочувство, дека има право да греши, како и секоја друга личност. Ако детето се однесува лошо, не треба постојано да го карате, туку да разговарате за последиците од неговото однесување. Исто така, важно е момчињата секогаш да ги пофалите за нивниот успех, тоа е најефикасниот начин да го поправите нивното лошо однесување.

4. Забрани

Сосема нормално е момчињата да се интересираат за мотори, скејтбордови и други застрашувачки работи според родителите. Мажите се развиваат тогаш кога имаат можност да испробуваат различни работи.

Ако родителите го потиснат природното интересирање на својот син, детето ќе стане незадоволно и со себе и со целиот свет. Тоа не значи дека треба да поттикнувате целосна слобода на детето, особено на тинејџери и да му овозможите да се вклучува во разни опасни ситуации, туку да го научите да преземе одговорност за своите постапки, да биде организирано и дисциплинирано.

Многу е корисно од 4-5 годишна возраст на детето, да го вклучите во домашните обврски (местење кревет, средување играчки), но и во роботика, снаоѓање во природа и разни други „машки“ активности.

5. Недостиг на добар личен пример

Децата ги имитираат своите родители, но возрасните честопати го забораваат тоа. Онака како што таткото постапува со мајката, така детето кога ќе порасне ќе постапува со девојките. Ако мајката не покаже почит кон таткото, а тој го толерира тоа, и момчето кога ќе порасне ќе му го дозволува истото на спротивниот пол.

Никакви совети нема да му помогнат на детето, ако расте во средина каде што односот помеѓу таткото и мајката е тежок. За синовите најважно е да почувствуваат безгранична љубов од мајката и поддршка од таткото.

Како правилно да ги казнувате децата, а да не им ја уништите самодовербата?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.