Марјан Петров ги разубавува најголемите балкански ѕвезди: Лепа Брена лично го контактирала за соработка!

Момчето навистина го бива...

Нашиот фризер и мејкап артист од Струмица Марјан Петров успешно ги разубавува познатите дами од Македонија но и регионот, а неодамна ја имаше честа да се погрижи за изгледот на Лепа Брена!

За неговиот талент и успешна работа на далеку се слуша, па затоа познатата Брена лично го контактирала Марјан да ја нашминка за нејзиниот концерт кој пред извесно време се одржа во Софија.

Марјан е пресреќен што познати ѕвезди како Брена го доверуваат својот изглед во негови раце, па затоа напиша на својот Инстаграм профил:

Успехот се должи на многу работи, на среќа, напорна работа и поддршка од задоволните клиенти.
А кога една од нив е најголемата ѕвeзда, едниствено што може да кажам е БЛАГОДАРАМ за соработката која продолжува и ќе трае засекогаш!

Лепа Брена не е единствената која соработува со нашиот талентиран Марјан, тој  „средува” и други познати ѕвезди меѓу кои и Теа Таировиќ, Јелена Томашевиќ, Слаѓа Алегро, Ивана Николиќ, Џејла Рамовиќ и нашата Антониа Гиговска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marjan Petrov (@marjan__petrov)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.