Еве што треба да јадете за време на божиќниот пост: Едно јадење посебно се издвојува, бидејќи ќе ве држи сити со часови!

Совет од доктори

Нутриционистка советува што е најдобро да јадеме за време на божиќниот пост

Божиќниот пост традиционално почнува на 28. ноември, а завршува на Бадник, на 6 јануари, кога исто така трпезата е посна, пред Божиќ, 7 јануари.

За време на постот треба да се воздржувате од намирници од животинско потекло, освен од риба одредени денови, но неговата суштина и значење, всушност, лежи во воздржувањето од лоши дела, мисли и зборови. Целта на постот е да ја нахраните душата, не само телото.

За разлика од велигденскиот, божиќниот пост не е толку ригорозен. Масло и вино се дозволени сите денови, освен во среда и петок, кога се пости на вода, додека во сабота и недела, дозволено е да јадете риба.

Нутриционистите советуваат да обрнете внимание на внесувањето печива, тестенини и компири, кои се карактеристични за посните менија.

Се препорачува да внесувате што повеќе мешунки, овошје, зеленчук и свежа риба (во сабота и недела), а од житарките, на прво место се издвојува киноата.

Нутриционистите наведуваат дека не сме свесни колку придобивки можеме да добиеме од постот:

„Кога ќе воспоставите хармонија меѓу умот, телото и душата, кога ќе разберете каков е благодатот од прочистувањето со намирници кои се лесно сварливи и кои ќе ви дадат нова свежина, ќе научите самите да препознавате што не е добро за вашиот организам. Оваа недела малку е потешка за оние кои штотуку почнуваат да постат, бидејќи е на вода. Последната, исто така, е тешка, но постот не е гладување, туку треба да знаете кои намирници да ги внесувате“, откриваат нутриционистите и додаваат:

„На прво место би требало да бидат житарките, кои ги има многу. Треба да џвакате мирно и полека, да јадете житарки од цело зрно, а не купечки мусли. Доколку навистина сакате да се прочистите, треба да ги почитувате сите правила“, заклучуваат тие.

Докторите предупредуваат: Сите ја прават оваа кобна грешка по постењето!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.