Софија е ќерка на најпознатиот тајкун: Има милиони, се бања во шампањ, сите ја сакаат, а никој не смее да ѝ пријде

Која е Софија Абрамовиќ?

Софија Абрамовиќ му е ќерка на најпознатиот руски тајкун

Роман Абрамовиќ е 55-годишен руски олигарх и еден од најбогатите луѓе на светот, со богатство во вредност од 7,9 милијарди долари. Но некои богатства во неговиот живот не се поврзани со материјалното – Софија Абрамовиќ е еден таков дијамант во познатото семејство.

Софија е родена во Русија, а се преселила во Англија во 2003 со родителите и со постарите брат и сестра, Аркадиј и Ана. Третата ќерка на бизнисменот, инвеститорот, политичарот и сопственикот на ФК Челси, Роман Абрамовиќ, има шест браќа и сестри и полубраќа и сестри од различните бракови на нејзиниот татко. Софија е неверојатно блиска со својата мајка Ирина, втората сопруга на Роман. Некогашната стјуардеса била во брак со Роман Абрамовиќ речиси 16 години.

Руската државјанка е родена со златна лажичка и отсекогаш живеела во луксуз. Заедно со своите браќа и сестри, Софија одела во приватното училиште Godolphin and Latimer во западен Лондон, каде што една година чини 31.000 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SA (@sofiaabramovich97)

Со оглед на тоа што се деца на еден од најбогатите Руси, децата на Абрамовиќ живееле строго обезбедени. Тие не можеле да одат до училиште пеш заедно со своите другарчиња. Софија и нејзините браќа и сестри летале со хеликоптер во хелидромот Батерси, каде што ги чекал автомобил со шофер. Група телохранители им правеле друштво на патот до училиште.

„Мојот живот со Роман не беше бајка, како што пишуваа весниците. За моето и за обезбедувањето на нашите деца, ангажираше група телохранители од агенцијата за заштита. Ги менувавме телефонските броеви еднаш неделно за да не може никој да ни влезе во трага“, рекла мајка ѝ на Софија во една пригода и додала:

„Се плашевме од обиди за киднапирање, но не можевме да ги скриеме нашите деца и да не им го покажеме вистинскиот живот. Одевме во театар и во музеи со еден куп телохранители. Секоја година беше сè потешко.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SA (@sofiaabramovich97)


Софија често објавува фотографии со татко ѝ, кого очигледно го обожава, а кој ѝ ја исполнува секоја желба без приговор, па така ги добила најскапите коњи кога почнала да се занимава со јавање. Тој спорт добро ѝ оди, па се дружи со други девојки што ја делат истата пасија.

Иако некои тврдат дека Роман ја чува Софија во златен кафез, други сметаат дека тоа воопшто не е чудно, кога веќе знае колку лошо влијание може да има ноќниот живот врз една принцеза, како што е тоа случајот со неговата најстара ќерка Ана, која живее и студира во Њујорк. Но под знак прашалник е колку навистина студира, бидејќи секогаш е подготвена за проблеми и забави. За разлика од гордоста на тато – Софија.

Како да го решите секој проблем во животот: Топ 10 совети на Роман Абрамовиќ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.