Како да го решите секој проблем во животот: Топ 10 совети на Роман Абрамовиќ

Вреди да се прочита

Запомнете: тркалото секогаш се врти!

Рускиот милијардер Роман Абрамовиќ верува дека повеќето наши проблеми не настануваат како последица на настаните, неуспесите, постапките или другите луѓе, туку поради лошите ментални навики што повеќето луѓе ги имаат.

Тој советува што побрзо да се откажете од следниве 10 форми на однесување и веднаш ќе се ослободите од проблемите…

1. Не донесувајте избрзани заклучоци

Оваа навика може да ви го отежни животот на два начина. Прво, ние веруваме дека знаеме што ќе се случи, па вниманието и делата ги насочуваме кон таа претпоставка. Но повеќето од тие претпоставки се погрешни, па така и нашите постапки се погрешни. Другата лоша страна на оваа навика е тоа што веруваме дека можеме да читаме мисли и дека знаеме зошто луѓето го прават тоа што го прават. Повторно погрешно. Оваа бесмислена навика најмногу ги уништува односите меѓу луѓето.

2. Без драми

Луѓето често знаат да преувеличуваат и од малите неуспеси да направат големи катастрофи. Зошто го прават тоа? Којзнае, можеби за да се чувствуваат поважно? Во секој случај, станува збор за нешто што е глупаво и деструктивно.

3. Не измислувајте правила

Голем дел од оние „морам“ и „неопходно е“ всушност се потполно бескорисни, а вам само ви предизвикуваат нервози и ви набиваат чувство на вина. Но зошто? Следејќи ги овие измислени правила, вие го оптоварувате мозокот со непотребни препреки и детско однесување.

4. Одбегнувајте стереотипи и етикети

Зборовите што ги користите и тоа како ве дефинираат. Негативните зборови и критиките генерираат таков начин на размислување. Ако се обидувате да ги сместувате работите и луѓето во категории, ја губите способноста да го сфатите нивното вистинско значење. На крај, толку многу ќе ја ограничите вашата способност за мислење што и самите ќе станете потполно бескорисни.

5. Не бидете перфекционисти

Животот не е само црно-бел, ниту, пак, се заснова на паролата „се’ или ништо“. Во повеќето случаи, најдобро е да се задоволите со „доволно“. Ако барате совршена работа, најверојатно нема да ја најдете никогаш. Секоја ќе ви се чини полоша одошто навистина е. Перфекционизмот е психичка болест која не ви дозволува да уживате туку само ве тера да барате проблеми во се’.

6. Никогаш немојте да генерализирате

Еден или два „пада“ не се знак на вечен неуспех. Исто така, изненадниот успех нема да ве претвори во гении. Секој настан, лош или добар, не е правило. Запомнете дека тркалото секогаш се врти.

7. Немојте ништо да сфаќате при срце

Повеќето луѓе, вашите пријатели и колеги, не зборуваат, не мислат и не се грижат за вас 99% од своето време. Многу соседи и колеги не ве познаваат, ниту имаат желба да ве запознаат. Затоа, што и да чуете, немојте да го сфаќате тоа при срце. Тие луѓе немаат апсолутно ништо со вас, како ни вие со нив.

8. Не им верувајте на емоциите

Она што го чувствувате не е секогаш знак за она што навистина се случува. Извор на одредена емоција честопати може да биде умор, глад, иритација, нос што тече, што било. Без разлика дали се чувствувате добро или лошо, тоа нема ништо да смени. Чувствата можеби се точни, но не се вистинити.

9. Одбегнувајте апатија

Обидете се да бидете оптимисти. Ако очекувате да ви се случат лоши работи во животот и на работа, на крај ќе ви се случат. Негативниот став е исто како да го гледате светот низ валкани очила со лоша диоптрија. Почнете да барате нешто позитивно и ќе го најдете.

10. Престанете да живеете во минатото

Ова е најважниот совет. Заборавете и живејте! Нашиот гнев, разочарување, несреќа и очај најчесто произлегуваат од минатите проблеми, навреди… Колку повеќе копате по минатото, толку повеќе ќе се сеќавате и ќе се чувствувате лошо.

Заборавете на минатото, живејте во сегашноста и планирајте ја иднината!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.