Дејан Милиќевиќ откри интересни факти за Цеца и Брена: „Важно и’ е само работата да биде завршена“

Да дознаеме нешто повеќе за познатите пејачки...

Познатиот режисер на музички спотови Дејан Милиќевиќ во текот на својата кариера соработувал со бројни ѕвезди, а неодамна се потсети на една од многуте анегдоти со балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Модниот фотограф раскажа за ситуација која се случила во далечната 1995 година.

„Има толку многу анегдоти… Анегдота која не ми е баш највпечатлива, но каде што може да се види дека некој е тежок професионалец е кога и ја направивме првата насловна страница на „Љубав фатална“ за Цеца, ја фотографиравме во гаража на Обилиќево, сакавме Цеца да биде со залижана коса на мотор, а фризерката не донесе фен и Цеца го виде езерцето со вода и рече: „Еве ти, земи малку вода од тука“ и фризерката ги потопи рацете во барата и и ја измазни косата, тоа е кога некој е вистински професионалец и единствено важно е работата да биде завршена“ – рече Дејан.

Милиќевиќ ја спореди соработката со ѕвездите Цеца и Брена и откри какви се за соработка.

„Цеца и Брена се многу различни. Едната сака снимањето да трае подолго, додека другата не. Брена е тежок професионалец, оди да снима и на -50! Едната сака да снима надвор, другата внатре, но не ми се мешаат во работата, тоа е важно. Цеца подобро ја познавам затоа што работам подолго со неа, но сака што побрзо да се заврши работата. Но и двете сакаат да видат како се испаднало на крајот“ – откри Милиќевиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.