Оваа убавица ќе биде новата водителка на Ѕвездите на Гранд: Воопшто не потсетува на Сања Кужет, но е вистинска дама (фото)

Секој со среќата...

Некои промени чинат многу или сепак не?

Сања Кужет, водителката на емисијата Ѕвездите на Гранд на кратко ќе се повлече од малите екрани, а за тоа има голема причина, го чека своето трето дете. Кога се појави оваа вест во медиумите, сите се прашуваа кој ќе ја замени Сања Кужет.

Како што пишуваат медиумите од регионот, Сања од февруари, кога продолжува снимањето на Ѕвездите на Гранд, треба да ја замени Бојана Лазиќ која моментално ја води емисијата „Премиер“.

Добро упатени извори тврдат дека веднаш по веста за бременоста на Сања, Саша Поповиќ почнал да размислува кој ќе ја замени Кужет кога ќе продолжи снимањето, а бидејќи веќе соработувал со Бојана и бил презадоволен, одлучил да биде таа.

Поповиќ се уште не сака да зборува на оваа тема, а мистериозна е и Бојана.

„Засега тоа се само нагаѓања“, низ насмевка изјави водителката, но веста дека ќе биде дел од музичкото натпреварување ја сподели на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.