Синот на легендарниот фризер е пронајден мртов: Неговата последна објава на Инстаграм крши срца, а умре на 53 години како и неговиот славен татко

Синот на легендарниот фризер Пол Мичел е пронајден мртов во неговиот дом во Хонолулу, Хаваи, а властите случајот го третираат како давење. Полицијата соопшти дека добила повик вчера околу шест часот наутро за можно давење.

Ангус Мичел бил прогласен мртов на самото место. Причината за смртта се уште не е откриена.

Шокантната вест доаѓа откако синот на познатиот фризер во вторникот објави на Инстаграм како го поминува времето со пријателите.

Ангус Мичел е сопственик на компанијата за нега на коса на неговиот татко Џон Пол Мичел Системс, која ја наследи откако Пол Мичел почина од рак на панкреасот во април 1989 година. И тој, исто така, имал 53 години кога починал.

Ангус го следеше деловниот пат на својот татко во индустријата за убавина, отворајќи го салонот Ангус Мичел во 2010 година во Беверли Хилс. Беше вклучен и во машката линија на неговата компанија MITCH, работејќи како модел и ПР.

Ангус беше во брак со Мара Гурдин, зад себе има два брака и осумгодишен син Дилан, пишува Дејли мејл.

Тој пред три дена ја објави својата последна објава на Инстаграм – покрај фотографијата на која е со мајка му Џолина Мичел, сопругата и синот, го напиша следново:

Кој е подготвен да ја затвори 2023 година и да започне нова година?! Среќна 2024 година од моето семејство до твоето семејство.

Почивај во мир Ангус. Моите мисли и молитви се со неговите најблиски, „Среќна рајска нова година, Ангус, гласат коментарите под објавата.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.