Марија Шерифовиќ откри што се случило на сцената, па го напуштила концертот: „Лута сум…“

Лош инцидент...петардите се опасна работа!

Музичката ѕвезда Марија Шерифовиќ за новогодишната ноќ пеела во Зеница, но се случил инцидент. Марија најпрвин на својот канал на Јутјуб откри дека 10 минути пред да замине на пат, доживеала мала несреќа.

„Овој 31-ви почна фантастично за мене. Круната ми падна од фиксната протеза, па затоа сум многу нервозна бидејќи нема кој да ми помогне во Зеница“ – тоа беше првиот проблем на стартот на патот кон Босна.

Сите и приредија великодушно добредојде на Марија, а таа доби и подарок за нејзиниот сладок Марио.

„Ова е прв пат како излегувам пред светот откако се роди Марио и тоа е многу чудно, а исто така гледам дека луѓето ме гледаат чудно. Тие се разнежнети и среќни, а потоа ме погодија од сите страни“ – изјави Марија.

Марија тогаш се огласи по настапот во Зеница, кој за зал мораше да го прекине.

„Еве ме во соба. Малку сум лута затоа што Милош од бендот падна по скалите 10 минути пред да излезе на сцената и ја скрши раката и има отворена скршеница. Беа фрлени петарди, па го прекинав настапот неколку песни пред време“ – истакна Марија, а потоа дополнително објасни како се одвивала ситуацијата:

„Синоќа убаво се забавував во Зеница и тогаш некој фрли петарда пред нозете на тапанарот, па ги прашав дали имаат памет што го прават тоа. По некое време, во близина пукна уште едена. Потоа по речиси два часа имаше уште една, веднаш под Јелена, која е придружен вокал, и изгореа капутот и чантата што стоеа до неа. Изгоре и дел од опремата. Логично беше да престанам. Не сакам да го загрозувам мојот живот и животот на моите музичари. Сега, гледам дека има луѓе кои не го разбираат тоа. Ако е во ред да изгубите рака, нога, прст, око и образ, тогаш повелете и нека ви фрлаат петарди…“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.