Кој е Малик Харис, најголемиот губитник на Евровизија? Нему му беше најтешко!

Германскиот претставник

Малик Харис ја претставуваше Германија на Песна на Евровизија 2022, Младата ѕвезда повеќе од една деценија компонира песни на гитара, но тоа не беше доволно за да ги воодушеви публиката и жирито оваа година

Претставникот на Германија, Малик Харис, имаше најлош резултат на Евровизија. Тој го освои неславното последно место, со само 6 освоени поени и тоа од публиката. Жирито не му додели ниту еден единствен поен на младиот пејач.

Како што минуваше натпреварот, на лицето се забележуваше неговото задоволство.

Настапи со песната Rockstars и во текот на полуфиналето сите беа воодушевени од неговиот настап, но можеме само да претпоставуваме што се случило во меѓувреме.

Кој е Малик Харис?

Роден е во Ландсберг на Лех, Германија, на 27 август 1997 година. Неговиот татко е Рики Харис, американски ТВ-водител и актер со седиште во Германија, кој најпознат е по улогите во филмовите „Наркоман“ и „Сите го мразат Крис“.

Харис почнал да се занимава со музика кога имал само 13 години и компонирал песни на гитара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KALUSH (@kalush.official)


Има повеќе од 1,5 милиони слушатели месечно на Спотифај и е првиот германско-американски изведувач кој поминал повеќе од една недела на билбордот на Тајмс сквер во Њујорк.

Неговите први синглови Say The Name (2018) и Welcome to the Rumble (2019) биле хитови на германските топ-листи, што довело до соло-турнеја во мај 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Malik Harris (@_malikharris_)

Младата ѕвезда ја поддржувале и меѓународни изведувачи, како Џејмс Блант, Алекс Клер, Џереми Лупс, Том Одел и ЛП.

Тој се натпреварувал во Германија за да стане претставник на земјата на Евровизија и на 4 март 2022 година, Харис бил прогласен за победник, кој водел со импресивна разлика од 23 поени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Malik Harris (@_malikharris_)

Германија на Евровизија

Германија двапати има победено на Евровизија, во 1982 и во 2010 година. Во 1982 година, Германија првпат победила на натпреварувањето во Харогет со Никол Зајберт која ја пеела песната Ein bisschen Frieden („Мал мир“). Втората победа за Германија се случила 28 години подоцна на натпреварувањето во Осло, 2010 година, кога Лена Мајер-Ландрут победи со Satellite.

Русите ја спорат победата на Украина на Евровизија: „Вмешавте политика, ова се кукавички провокации!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.