Девојчињата ја презираа, а момците лудуваа по неа: Еве како изгледа денес познатата заводничка од Беверли Хилс!

Џени Гарт

Џени Гарт ја глумеше згодната русокоса Кели Тејлор во култната серија „Беверли Хилс 90210“ и сите беа вљубени во неа, а еве што прави денес

Серијата „Беверли Хилс 90210“ е култна тинејџерска серија кога со голем успех се прикажуваше во 1990-тите години.

Џени Гарт ја глумеше фаталната Кели во популарната серија. Многу брзо стана пример за многу тинејџерки ширум светот. По серијата, оствари улоги во помалку познати проекти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennie 💛 (@jenniegarth)

Џени ја играше фаталната русокоса Кели Тејлор, во која речиси сите беа вљубени. Им ги кршеше срцата на главните машки ликови Брендон и Дилан. Првиот глумеше нејзин брат близнак во серијата, а вториот го играше дечкото на нејзината најдобра пријателка Бренда, која ја глумеше Шенон Доерти.

Неодамна наполни 50 години. Три пати се венчавала и има три ќерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennie 💛 (@jenniegarth)

Првиот сопруг на Џени бил музичарот Даниел Б. Кларк. Се венчале во 1994 година, а се развеле две години подоцна. Вториот сопруг, актерот Питер Фачинели, го запознала во 1995 година. Двојката се венчала на 20 јануари, 2001 година и имаат три ќерки. Фачинели поднел барање за развод во март 2012 година, а во април 2013 година, бракот бил завршен.

Започнала врска со актерот Дејвид Абрамс Гарт есента во 2014 година, а се венчале во јули, 2015 година. Три години подоцна, двојката поднела барање за развод, но во 2019 година се смириле и ги повлекле документите за развод на бракот по 10 месеци разделеност. Актерката тогаш открила дека разделеноста им го спасила бракот, бидејќи виделе дека не можат еден без друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennie 💛 (@jenniegarth)

Прекрасната Кели некое време ги криела здравствените проблеми поради кои качила и вишок килограми. Имено, актерката боледува од остеоартритис. Остеоартритис, понекогаш познат и како дегенеративен артритис, е дегенеративна болест на зглобовите што се карактеризира со уништување на зглобните рскавици. Актерката во 2012 година признала и дека се бори со анксиозност.

Ја знаеме како злобничката од култната серија „Беверли Хилс“: Еве со што се занимава секси бринетата денес!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.