Ја знаеме како злобничката од култната серија „Беверли Хилс“: Еве со што се занимава секси бринетата денес!

Ја помните Тифани Тизен?

Оваа успешна и талентирана актерка ѝ кажала збогум на својата холивудска кариера

Некогаш жареше и палеше на малите екрани, а многумина ја помнат по улогата на Валери Малоун во култната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“. Станува збор за актерката Тифани Тизен, која последниве неколку години се посветила на сосема нов бизнис, неповрзан со нејзината професија.

Имено, Тифани веќе со години напорно работи на својата гастро-кариера. Издала готвач и има свој портал за животен стил tiffanithiessen.com на кој редовно објавува интересни рецепти и видеа во кои открива како да се снајдете во кујна.

https://www.instagram.com/p/B66cqpEpeUa/?utm_source=ig_embed

Како што и самата вели во едно од своите многубројни видеа, нејзината омилена просторија во домот е токму кујната. Затоа, не е ни чудно што направила вистинско мало кулинарско царство, на кое би му завидувале бројни готвачи.

Пространата кујна со огромна површина, на оваа 46-годишна дама ѝ служи по потреба како студио за снимање нови рецепти.

Сестраната некогашна актерка, својата љубов кон гастрономијата ја открила кога се испробала како водителка на своето телевизиско шоу Dinner at Tiffani’s, кое многу добро било прифатено од јавноста.

https://www.instagram.com/p/BovSRX1Hdvl/?utm_source=ig_embed

Публиката на оваа Американка ја сака поради едноставниот пристап на кој ги објаснува дури и најкомплицираните рецепти. Секогаш внесува топлина и традиција во своите јадења.

Тифани не се определила само за една гранка од кулинарската струка, туку многу добро се снаоѓа со солена јадења и со комплицирани десерти. Позната е по своите волшебни и креативни појадоци, но и по колачињата од чоколадо што сите ги обожаваат!

Камерон Дијаз се откажа од филмската кариера заради љубов
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.