JET PEEL – безиглена трансформација на вашата кожа

Третман кој сега е достапен во „Ординација Д-р Анчевски“.

Постои ли начин да ја подмладам и регенерирам кожата без примена на техники со боцкање? Тоа е едно од најчестите прашања поставени од страна на нашите клиенти кои доаѓаат во нашата ординација за естетски третмани.

Знаејќи дека регенерацијата на кожата настанува однатре во нејзиниот дермален дел, експертите успеаја да создадат технологија за трансдермално внесување на супстанции без притоа да се употребуваат болните иглени техники.

И да тоа е новиот JET PEEL на Tav Tech, третман кој сега е достапен во „Ординација Д-р Анчевски“.

Што претставува JET PEEL?

JET PEEL претставува иновативен повеќечекорен третман за лице и тело кој ги спојува бенефитите на целосно природна хидродермоабразија, хемиски пилинг, автоматска безболна екстракција и нежна инфузија на различни нутриенти и анти ејџинг компоненти длабоко во дермот каде се одвиваат процесите на регенерација на кожата. Тој претставува прва и единствена неинвазивна бјути-технологија во светот која во целост го менува лицето на естетските третмани.

На кој принцип на работа се базира JET PEEL?

JET PEEL третманот се базира на ексклузивна JEТ-технологија, одобрена од страна на FDA, која го комбинира кислородот со различни течности во специјално патентирани канили со цел да генерира тенки JET-млазови од микрокапки, кои движејќи се со субсонична брзина од над 200м/сек. и под голем притисок навлегуваат во дермот на длабочина до 4.5 мм.

На овој начин со многу моќен но сепак нежен млаз се врши ексфолијација на површинските слоеви на клетки без иритација на кожата, а потоа без игла се постигнува трансдермална инфузија на различни супстанции потребни за процесите на регенерација на кожата.

За кого се препорачува овој третман?

JET PEEL е погоден за сите оние кои сакаат да ја подмладат и освежат својата кожа, особено за лицата кои од различни причини сакаат да ги избегнат третманите со игла.

Се препорачува кај сите типови на кожа и за третман на различни состојби на кожата на лицето и телото како: антиејџинг-третмани за подмладување и регенерација на кожата, затегнување на кожата, измазнување брчки, интензивна хидратација на сува кожа, намалување и отстранување хиперпигментации, третман на акни и црнки, третман на осетлива кожа и кожа со розацеа, третман на лузни, намалување на пори, третмани за намалување на опаѓање на косата и стимулација на нејзин раст, намалување на потење, обнова на фотооштетена кожа, корекција на темни кругови и отоци под очите, подобрување на циркулација и лимфна дренажа

Што се постигнува со третманот?

Со JET PEEL третманот се постигнува интензивна хидратација на кожата што веднаш дава зголемен волумен, сјај, измазнети тенки и подлабоки брчки, намалено црвенило, намалена појава на акни и избелување на флеките. Порите се затвараат, тенот се изедначува а кожата е мека со измазнета текстура и младешки изглед. Резултатите се веднаш видливи, а со повторување на третманите и долготраен.

Тие не завршуваат со завршување на третманот бидејќи клеточната обнова продолжува да се случува во наредниот период. Третманот може да се изведе и директно пред специјален настан бидејќи дава преубава свежина и сјај на кожата.

Зависно од потребите на кожата и проблемот кој се третира се препорачува да се направат 3-6 третмани на 2-4 недели. Резултатот се забележува уште по првиот третман, но за најоптимален ефект се препорачува да се направат минимум 3 третмани.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.