Кинескиот експерт Жонг Наншан открива кога би можела да заврши пандемијата со Ковид-19

Под услов сите земји да се мобилизираат против пандемијата

Жонг Наншан, кинески советник за коронавирус и епидемиолог што го открил тешкиот акутен респираторен синдром (САРС) во 2003 година, денеска изјави пред новинарите дека епидемијата може да заврши до почетокот на летото под услов сите земји да се мобилизираат против пандемијата.

Сепак, тој истакна дека овој напредок во голема мера зависи од тоа како членовите на Светската здравствена организација (СЗО) ќе се справуваат со кризата.

 

Некои земји сè уште не ја сфаќаат ситуацијата многу сериозно и не успеваат агресивно да го спречат ширењето на ковид-19, рече Жонг. Во овој случај, епидемијата може да биде продолжена и покрај летните горештини, кои ги прават вирусите релативно пасивни“, предупреди лекарот.

Националната здравствена комисија на Кина објави пад на бројот на новозаразени со ковид-19 во континенталниот дел.

Општо гледано, зенитот на епидемијата во Кина помина“, рече Ми Фенг, портпарол на Националната здравствена комисија. „Зголемувањето на нови случаи опаѓа“.

Во средата, Комисијата забележа 15 нови случаи, околу половина од бројката во вторникот.

Кина брзо реагираше на болеста, ставајќи во карантин цели провинции, ги откажа јавните настани, па дури одложи и некои важни седници на парламентот.

За да го спречи ширењето на ковид-19, Пекинг во покраината Хубеи – епицентарот на епидемијата – испрати околу 42.000 медицински лица од целата земја. Беа повикани сите академици, водечки инфектолози и специјалисти за интензивна нега.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.