Бред Пит „претепан“ во кафеана, а во заднината се „вие оро“ (ВИДЕО)

Малкумина очекуваа дека ќе добие „оскар“

Славниот Бред Пит во 1988 година својата филмска кариера ја почна на јадранското приморје глумејќи во југословенскиот филм „Темната страна на сонцето“.

Режисерот Божидар Бота Николиќ го избрал тогаш младиот Бред Пит од 400 кандидати на кастингот во американската компаија „Метро голдвин мајер“.

Во една сцена од споменатиот филм, Бред Пит го тепаат во кафеана додека во заднината свири народна музика. Еве како изгледало тоа:

https://www.facebook.com/GromadeFilmske/videos/669902023820469/

Веројатно пред 32 години, кога е снимен филмот, малкумина очекуваа дека еден ден „претепаниот“ актер ќе стане сопственик на голем број престижни филмски награди, вклучувајќи ја и наградата „оскар“.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.