Ким Кардашијан тајно го посетила ова место во Србија: Еве што ја воодушевило, а што не сакала ни да погледне!

Старлетата престојувала во Србија инкогнито

Најпознатата светска старлета тајно престојувала во Србија, на еден од најубавите резервати во земјата

Најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан тајно престојувала во Србија пред три години. Таа прошетала низ природниот резерват Увац со екипата на каналот Travel 1 во септември 2017 година. Тие тогаш снимале емисија за овој дел од државата, сето тоа преку Туристичка организација од Сјеница.

Ким била воодушевена од прекрасната природа, но и од српските специјалитети, кои за неа и за нејзините колеги ги приготвила Славка Николиќ. Новинарската екипа престојувала на Увац, а Славка се потсетила на средбата со сопругата на раперот Канје Вест.

„Малкумина знаат дека Ким беше во Србија. Ние имавме можност да ја видиме, затоа што преку Туристичката организација ’Сјеница’ ја донесоа да снима репортажа за каналот Travel од Индија. Не се задржаа долго, околу два часа“, раскажала Славка.

Николиќ раскажала и како се однесувала Кардашијан.

„Убаво, културно и љубезно. Се гледаше дека е воодушевена од природата и од тоа што е во Србија. Ја послужив со пита под сач што ја приготвив, како и со паприкаш со павлака, но тоа не сакаше ни да го проба. Бараше газиран пијалак и го проба нашиот традиционален пијалак – ракија. Убава е жената, фина, пријатна, опуштена, природна. Беа петнаесетмина во групата. Снимаа репортажа за Увац. Ја прошетаа низ нашите меандри, се возеше низ вештачкото езеро. Нашите предели се убави и драго ни е што нѐ посети.“

Николиќ открила дека старлетата била ограбена токму кога се враќала од Србија во Америка преку Франција. За тоа дознала од медиумите.

„Кога си отиде од нашата земја, беше ограбена на аеродромот во Франција. Тоа го видов на телевизија во нејзиното реално шоу. Верувам дека ќе ѝ остане во убаво сеќавање престојот во нашата земја“, изјавила Славка.

На посетата на Ким Кардашијан се присетил и директорот на Туристичката организација „Сјеница“, Михајло Трипковиќ.

„Уживаше во возењето по Сјеничкото езеро и се прошета низ меандрите на Увац. Се воодушевуваше на природата и, секако, на единствената гастрономска понуда. Проба и да приготви сјеничка пита кај нашата домаќинка Славка Николиќ. Си отиде со голема насмевка на лицето и рече дека никогаш не сретнала толку обични и гостопримливи луѓе со големо срце.“

После сестрите и сопругот и таа станала милијардерка: Ким Кардашијан потпишала договор што не можела да го одбие!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.