После сестрите и сопругот и таа станала милијардерка: Ким Кардашијан потпишала договор што не можела да го одбие!

Паметен потег

Оваа недела Ким Кардашијан го направила најголемиот потег во својата претприемничка кариера и со тоа му додала уште неколку нули на својот буџет

Ѕвездата од реалните шоуа и сопруга на Канје Вест, Ким Кардашијан, продала 20 отсто од уделот во својот козметички бренд KKW Beauty на компанијата Coty, со спогодба вредна 200 милиони долари.

Се очекува спогодбата да се заклучи следната година, а следува по одлуката на фирмата Coty да го купи поголемиот удел во фирмата на помалата сестра на Ким, Кајли Џенер, што се случи годинава.

Велат дека вредноста на компанијата KKW Beauty наводно ќе се процени на милијарда долари.

Нејзиниот сопруг Канје Вест, кој исто така е милијардер, реагирал на оваа вест со твит.

„Толку сум горд на мојата прекрасна сопруга Ким Кардашијан Вест поради тоа што официјално стана милијардерка“, напишал Канје.

Coty ќе има целосна одговорност за развојот на производите за кожа, коса и нокти на KKW Beauty.

Штоооо?! Ким Кардашијан со видеоснимка од најтенката половина видена досега! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.