Претседателот не го симнува погледот од својата сопруга: Брижит Макрон (67) ја покажала фигурата во костим за капење!

Погледнете!

Емануел Макрон моментално летува на остров на југот од Франција со саканата сопруга Брижит Макрон

Претседателот на Франција и 24 години постарата прва дама го искористиле слободното време за целосно да се опуштат, да уживаат во сонцето и да се бањаат во морето.

Иако се обиделе да се сокријат до љубопитните погледи, не можеле да им избегаат на фотографите кои ги фотографирале на брод во костими за капење. Секогаш префинатата сопруга на францускиот претседател не пропушта прилика да остави впечаток и на плажа, што успешно го направила со изборот на елегантен костим за капење кој нема рок на траење.

https://www.instagram.com/p/CDlfo_gH0l8/?utm_source=ig_embed

Брижит Макрон е позната по истанчениот вкус и беспрекорен стил на облекување, па и на плажа успеала да изгледа најдобро што може. Сопругата на францускиот претседател одбрала темносин едноделен костим за капење со минималистички дизајн, кој го открива грбот и визуелно ја стеснува фигурата.

Претседателот не го симнувал погледот од сопругата, а освежување морал да побара на џет-ски.

https://www.instagram.com/p/CDrGL6on9Nw/?utm_source=ig_embed

Несомнено е дека папараците ги фотографирале во такво издание какво што не сме ги виделе досега. А тоа дека претседателскиот пар уживал со полни гради на годишниот одмор, најдобро го потврдува фактот што цело време не ги симнувале насмевките од лицето.

https://www.instagram.com/p/CD09vEwnneC/?utm_source=ig_embed

Емануел и Брижит Макрон се запознале кога тој имал 15, а таа 39 години. Денес првата дама била негова професорка, но и покрај големата разлика во годините, ништо не можело да ѝ застане на патот на нивната љубов.

Завела дечко, растурила семејство, станала прва дама: Нови детали од животот на Брижит Макрон!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.