Како изгледа денес најубавото девојче на светот: Ја споредуваат со Ирина Шајк, а многумина мислат и дека ќе ја надмине!

Погледнете

Девојчето доби неверојатно внимание и популарност благодарение на својата вродена убавина и шарм

Анастасија Књазева важи за едно од најубавите девојчиња на светот. Девојчето ја започнало својата кариера на супермодел на неполни 3 години. Врвот на славата го доживеала кога имала 5 години, добивајќи ја титулата за најубаво девојче на светот.

Девојчето со продорно сини крупни очи, никого не го остави рамнодушен додека нејзината харизма само дополнително придонесува за нејзината убавина.

Со својот изглед неодоливо потсетува на кукла, па не е ни чудо што во 2017 година беше прогласена за најубавото девојче на светот.

Поради својата природност и спонтаност, фотографите обожаваат да соработуваат со неа, а многумина ѝ прогнозираат блескава кариера, споредувајќи ја со Ирина Шајк.

По многубројните понуди и ангажмани што ги добивало, девојчето склопило договори со многу брендови, како што се Chobi Kids, Kenguru и Kia Motors, а имала и улога на водителка во телевизиски емисии и снимала филмови.

Девојчето очигледно не ни било свесно за својата моќ и славата што ја има, па воопшто не се интересирало за популарноста. Се однесувало природно и приземно, како и другите деца со кои растело.

Многу другарчиња од училиште се воодушевени од нејзината појава и постојано сакаат да се сликаат со неа, но тоа не ја расипало, бидејќи е многу скромна, според нејзините родители. Анастасија се труди да ужива во детството и да прави сè што треба да прави едно дете.

Покрај вродената убавина и харизмата што ја поседува, Анастасија има и неверојатен талент за пеење. Во училиште исто така постигнува извонреден успех, а во слободно време се занимава со танц.

Нејзиниот инстаграм-профил брои повеќе од милион следбеници. Многумина се прашуваат дали девојчето ќе изгради кариера како Ирина Шајк, како што предвидуваат експертите од светот на моделството.

Овие фотографии покажуваат дека сличноста меѓу Анастасија и Ирина е неверојатна!

Ова се најубавите деца на планетата: Предодредени се да го освојат светот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.