„Ја оставив поради млади и згодни девојки“: Марина Туцаковиќ била во врска со овој познат пејач! (ФОТО)

Дали ќе погодите за кого станува збор?

Фото: Лука Шарац

Познатата хитмејкерка Марина Туцаковиќ во седумдесетите години била во љубовна врска со пејачот Оливер Мандиќ, кој тогаш бил на почетокот на својата музичка кариера.

Иако во јавноста речиси воопшто не се зборувало за нивната романса, тие двајца четири години биле во љубов, а Оливер во една прилика кажал дека Марина патела за него.

„Марина и јас бевме четири години во врска. За време на нашето забавување ми ја напиша песната „Љуљај ме нежно“. Бидејќи ја објавив таа нумера, ние раскинавме. Ја оставив поради млади и згодни девојки. Тогаш започна лудилото во мојот живот, а таа веројатно патела. Нашата соработка продолжи и после раскинувањето. И благодарам што ми напиша преубави текстови. Ми ги работеше сите песни, освен „Dogje mi da vrisnem tvoje ime“ и „Bobane“ – раскажал Мандиќ пред неколку години за  српските медиуми.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.