Шпанската кралица во летен фустан и НАЈУБАВИТЕ САНДАЛИ НА СВЕТОТ (ФОТО)
Омилени на првите дами
Поатрактивен и поудобен модел нема да најдете, а може да се купи за неколку илјади денари
Шпанската кралица Летиција денеска се сретна со претставникот на УНИЦЕФ во Шпанија, Густаво Суарез Пертие.
Нејзиниот стил секогаш мора да биде во согласност со протоколот, односно со официјалните настани на кои се појавува. Кога на тоа ќе се додадат модните трендови кои таа ги следи, добивате не толку лесна модна задача која ја чека сопругата на шпанскиот крал Фелипе Шести пред секое јавно појавување.
Во превод, таа може да изгледа гламурозно на обичен начин, слично како Кејт Мидлтон, иако за разлика од неа, Летиција знае поумешно да избира облека, чевли и модни детали.
Овој пат ја видовме во фустан кој се врзува околу половината, со интересен летен дезен кој е на граница меѓу спортска и чиста елеганција. Совршената летна гардероба ја искомбинирала со сандали кои ќе ги воодушеват жените. Обувките со платформа кои се врзуваат околу глуждот им се омилен модел на многу дами веќе долго време.
Летиција веќе ги носеше популарните еспадрили кои имаат „мал милион“ верзии. Слични модели како оние што таа ги избира може да се најдат во нашите продавници за неколку илјади денари, иако има и многу поскапи модели.
Првата дама на Франција Брижит Маркон и првата дама на Америка Џил Бајден сакаат да носат еспадрили. Благодарение на нив и на Летиција, се разбира, овие едноставни обувки станаа светски моден тренд – повторно.
Коментарите се заклучени.