Моден двобој помеѓу двете најстилизирани жени на светот: Кралиците Ранија и Летиција рамо до рамо во изданија што воодушевуваат!

Која ви се допаѓа повеќе?

Кралиците Летиција и Ранија важат за две најдобро облечени жени на светот, а вчера во Мадрид се случил вистински моден двобој

Кралицата Ранија, со својата посилна половина, дошла во посета на шпанската кралска двојка, Филип и Летиција, а може да се каже дека оваа средба не била дипломатска, туку модна.

Во кралската палата во Мадрид на ручек се собрале кралот и кралицата на Јордан, Абдула Втори и неговата поубава половина кралицата Ранија, а средбата се случила како дел од нивната работна посета на Шпанија, со цел да се зајакне воената и безбедносната соработка.

Кралиците Летиција и Ранија одамна важат за жени кои знаат што е стил, па секоја нивна комбинација е забележана и позитивно оценета.

Така било и овој пат. Дамите за оваа пригода одбрале тесни миди-фустани со слична должина и крој, со тоа што Ранија се одлучила за долги ракави.

И изборот на бои, како и цветниот мотив бил сличен, но домаќинката кралицата Летиција оставила поведар, лежерен и летен впечаток.

Последната сличност лежи во нивните салонки со речиси идентични бои, па можеме да заклучиме дека овие две дами имаат многу сличен моден вкус.

И двете дами неретко носат многу достапни модели и тие се вистински доказ дека стилот не се купува, како и дека стајлингот не мора да чини многу за да биде забележан.

Кејт Мидлтон го ископира КУЛТНИОТ СТАЈЛИНГ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА: Ова може да го носат само ЖЕНИ СО СТИЛ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.