Чизми што мора да ги имате оваа есен: Одлично им прилегаат и на 20-годишни и на 70-годишни жени!

Чизмите што ќе ја обележат оваа есен

Инвестирајте во квалитетен и практичен модел, каков што одбрала кралицата Летиција

Шпанската кралица Летиција во својата шеста деценија добива комплименти на сметка на физичкиот изглед, каде и да се појави. Важи за една од најубавите жени на светот и освојува со својата харизма и префинетост. Летиција е позната и како „кралица на стилот“, бидејќи секоја нејзина модна комбинација предизвикува восхит и ги инспирира другите жени.

Овој пат, заедно со своето кралско семејство, се појавила на врачувањето награди за најпримерен град во Австрија. Станувало збор за неформално дружење со граѓаните, па и нејзиниот стајлинг бил во духот на есента.

Лежерната модна комбинација на оваа дама повторно привлекла внимание. Овој пат одбрала комфор за разлика од својот препознатлив стил со високи потпетици и миди-фустани. Познато е дека таа многу ретко носи рамни обувки и обично ја гледаме во отмени салонки или обувки на подигната пета.

Сега направила исклучок и обула бајкерски чизми. Ги комбинирала со тесни црни панталони и шарен, ефектен џемпер. На себе ги носела најпопуларните нијанси оваа есен, како што се сина, зелена и виолетова.

Најголемо внимание, сепак, привлекле нејзините чизми, кои се безвременско парче што секоја дама би требало да ги поседува во својот плакар. Практични се за претстојните есенски и зимски денови, а доколку одберете кожен модел, со сигурност ќе ви трае со години.

Тие секоја година важат за трендовско парче, па ако еднаш инвестирате во добри чизми, ќе бидете мирни долг временски период. Лесно се комбинираат со сите модни комбинации и стилови. Ви се допаѓаат?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.