Ист капут во различни комбинации: Моден двобој на Кејт Мидлтон и кралицата Летиција (ФОТО)
Чиј избор го претпочитате?
Според нас, и двете се победнички!
Отмен изглед лесно се постигнува со помош на камел-капут, којможе да се комбинира на безброј начини. Како и сите жени, така и познатите благороднички едноставно ги обожаваат овие модели, а сега за само два дена видовме две познати трендсетерки од кралските семејства во ваков капут. Всушност, се работи за парче кое лесно се комбинира и никогаш не излегува од мода!
Кејт Мидлтон нè воодушеви со своето старо парче камел-капут Масимо Дути, кој го носела многу пати во минатото. Додека претходно најмногу го носеше со беж и кафена облека, сега избра нешто поинакво: ребрест и плетен комплет во ефективна нијанса на цигла.
Едноставната и исклучително ефикасна комбинација ја направи принцезата од Велс романтична модна кралица и ѝ даде моќен изглед.
Ден претходно, шпанската кралица Летиција се појави во камел-палто, а за состанок избра облека целосно во својот препознатлив деловен стил. Изборот на сопругата на кралот Фелипе беше модел на модната куќа Каролина Херера.
Имено, убавата Шпанка избра елегантна беж блуза и тренди длабоки панталони, модел со кариран дезен.
Додека принцезата Кејт носеше црни кожени чизми, кралицата Летиција се одлучи за мокасини со високи потпетици. Во секој случај, тешко е да се погреши со камел-капут, а во него секогаш изгледаме тренди!
Коментарите се заклучени.