На крунисувањето на Чарлс Трети се појавила светската елита, но сите гледале само во неа: Покажала на дело зошто важи за божица!

Која дама најмногу ви се допаѓа?

Кралот на Велика Британија, Чарлс Трети, официјално ја презеде круната на 6. мај, а историскиот настан го проследија десетици илјади луѓе

Десетици илјади луѓе го следеа крунисувањето на кралот Чарлс Трети, кој најдолго време помина на местото престолонаследник, додека неговата мајка кралицата Елизабета Втора беше еден од најдолговечните владетели на светот.

Обожавателите на кралството ги поздравуваа Чарлс и Камила во поворка, а во опатијата ги дочекаа светските државни службеници, премиери на различни земји, претставници на странски монархии и членови на кралски семејства. Додека мажите генерално одбрале униформа или елегантен црн костим, дамите се потрудиле да се појават во најдобрите изданија, внимателно одбирајќи елегантна тоалета во согласност со кодексот на облекување.

Меѓутоа, кога се појавила кралицата Летиција, таа ги засенила сите други дами, потврдувајќи дека со причина ја носи титулата најстилизирана дама во кралските семејства ширум светот.

Имено, таа се појавила во елегантен розеникав комплет и заблескала во Вестминстерската опатија. Стајлингот го надополнила со сандали и чантичка, а посебно го зачинила со детаљ на главата. На крунисувањето пристигнала во придружба на сопругот Фелипе Шести и тие биле една од најдобро облечените двојки.

Еве како биле облечени другите познати дами што се појавиле на крунисувањето…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.