На прагот од осмата деценија изгледа брутално добро: Крис Џенер променила 2 работи и се преродила!

Никогаш не била позгодна

Познатата ријалити ѕвезда и мајка на шест познати дами ги засенила сите со изгледот на најновите објави, и тоа во 67-та година!

Крис Џенер на најновите објави на својот инстаграм-профил изгледа најслабо досега и гордо ја гази седмата деценија! И нејзината ќерка Кајли била воодушевена од нејзиниот нов изглед, па истакнала дека мајка ѝ е „толку убава“.

Познатата светска ријалити ѕвезда заблескала во крем стајлинг што не дозволува вишок килограми. Напротив, во оваа комбинација уште повеќе дошол до израз нејзиниот тенок струк. Многу нејзини обожавателки прво ги забележале и затегнатите раце, додека други коментирале дека неверојатно се подмладила.

Крис изгледала послабо последниве месеци, што се должи на зачестеното вежбање и исхраната богата со протеини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

Истражувањата повторно покажуваат дека храната богата со протеини може да помогне да ги симнете килограмите и да ги стопите маснотиите на стомакот, како и истовремено да изградите мускули и снага. Намирниците богати со протеин, исто така, можат да помогнат во снижувањето на крвниот притисок, борбата против дијабетес и многу други хронични заболувања.

А Крис во својата исхрана претпочита намирници како:

  • месо
  • риба
  • јајца
  • млечни производи
  • семиња
  • ореви
  • мешунки
  • грав
  • леќа

Меѓутоа, пред неколку месеци, нејзините ќерки Ким и Клои Кардашијан беа критикувани од страна на обожавателите и критичарите дека го користеле лекот за дијабетес Оземпик за да ослабат. И покрај бројните обвинувања, познатите сестри остро го демантираа тоа.

Како се облекува најбогатата жена на светот: Модните креатори се „тепаат“ за неа, а таа добива сѐ на готово, без да потроши ни денар!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.