Како се облекува најбогатата жена на светот: Модните креатори се „тепаат“ за неа, а таа добива сѐ на готово, без да потроши ни денар!

Ја обожава модата

Крис Џенер, една од најбогатите „мамаџерки“ на светот, е огромна вљубеничка во модата

Крис Џенер моментално е една од најпознатите „мамаџерки“, бидејќи своето атрактивно семејство успеа да го претвори во глобален феномен.

Нејзиниот стил се одликува со модерни костими, но и елегантни фустани и тоалети што ги носи во посебни пригоди.

Крис Џенер не е ништо помала вљубеничка во модата од нејзините ќерки. Исто како и ќерка ѝ Кајли Џенер, и Крис е луда по чанти во сите големини, бои и дезени.

Во својата колекција има и прекрасни „клач“ чанти од брендот „Џудит Лајбер“ што ги добила за Божиќ од својот сопруг Роберт Кардашијан уште во 1980-тите.

Крис е особено горда на својата колекција на обувки, чанти и тренерки.

„Навистина ги носам секој ден. Многу сакам да носам тренерки, бидејќи многу се удобни“, рекла Крис Џенер своевремено, а исто така обожава и црни сакоа што ги има милион во својот плакар.

Модните креатори знаат дека нејзината појава ќе биде проследена во сите медиуми и не сакаат да пропуштат можност да се прошета во нивни изданија, па поголемиот дел од гардеробата го добива како подарок.

Иако ја гази седмата деценија од животот, таа без проблем може да се рамни со двојно помлади жени, а со години му е верна на својот класичен стил.

Крис Џенер на 67 години ја доби првата насловна страница на „Вог“: Фотошоп на максимум, „мамаџерка“ изгледа подмладо за 2 децении
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.