Ова се најубавите деца на планетата: Предодредени се да го освојат светот!

Чуда на природата

Сите ќе ги запомнат нивните имиња и лица

Ви претставуваме неколку момчиња и девојчиња што ја носат титулата најубави деца во светот и кои наскоро потполно ќе го покорат модниот свет.

Анастасија Настја Безрукова

https://www.instagram.com/p/BsLq00khu_V/?utm_source=ig_embed

Настја во светот на модата влегла како дете. На 10 години веќе соработувала со најпознатите брендови, како што се Москин и Бенетон.

Спротивно на верувањето поради нејзиното презиме, Настја не е ќерка на популарниот актер Сергеј Безрукова. Нејзини родители се московскиот адвокат Дмитри и претприемачката Светлана Безруков.

https://www.instagram.com/p/BpuzWmZhDFs/?utm_source=ig_embed

Нејзините први професионални фотографии настанале кога имала 8 години и и’ донеле бројни понуди од модни агенции.

Денес има 15 години, а пред две години се пробала и како актерка во филмот „Млечен пат“, на Ана Метисон. Партнер во филмот и’ бил токму Сергеј Безруков.

Ана Павага

https://www.instagram.com/p/BznqKIlBdcJ/?utm_source=ig_embed

Талентираното деветгодишно девојче од Санкт Петербург исто така се нашло на листата најпознати и најубави деца на светот. Весниците ја нарекувале „ново чудо во светот на модата“ и навистина мора да се сложиме со овие тврдења.

Ана својата кариера во моделството ја започнала сосема случајно. Имала само две години кога родителите ја одвеле во фото-студио за да направат фотографии за семејниот албум.

Фотографот побарал одобрување од родителите да ги објави фотографиите на социјалните мрежи, по што родителите на Ана добиле многу позитивни коментари. Заедно со коментарите од обичните луѓе, пристигнале и понуди од модни агенции.

https://www.instagram.com/p/Bz6Xmx9BKYI/?utm_source=ig_embed

Во текот на својата за сега кратка кариера, Ана снимила многу реклами и одиграла неколку филмски улоги. Со неа соработувале брендовите Долче и Габана, Живанши и Литл Марк Џејкобс.

И покрај големиот успех во детството, ова девојче и понатаму води нормален живот. Оди во државно училиште, обожава да поминува време во природа и да патува, да танцува да учи јазици. Мајка и’ се грижи за начинот на живот и навиките на своите ќерки.

Дури и кога патува, Ана има обврска редовно да го пишува домашното и забрането и’ е да работи повеќе од три часа дневно.

Вилијам Френклин Милер

https://www.instagram.com/p/By3XOdzhFDg/?utm_source=ig_embed

Кариерата на ова 15-годишно момче почнала неочекувано и многу брзо. Еден ден практично се разбудил познат, откако другарка му објавила негова фотографија на Твитер.

Оттогаш Вилијам редовно добива понуди за сликање од разни модни агенции. Сите договори внимателно ги разгледува мајка му, поранешниот модел Шенон Френклин Милер, од која Вилијам ја наследил убавината.

https://www.instagram.com/p/BxNK5VklJV3/?utm_source=ig_embed

Момчето сега е исклучително активно во светот на моделството, а откако одиграл неколку улоги во серии и филмови, размислува да се занимава со глума во иднина.

Кристина Пименова

https://www.instagram.com/p/BpPrBhHDJqZ/?utm_source=ig_embed

За ќерката на фудбалерот Руслан Пименов и неговата сопруга Глицерија, светот одамна слушнал, бидејќи Кристина ја маѓепсала планетата со својата убавина. Кариерата во светот на модата ја почнала уште кога имала 3 години и веќе соработувала со брендови како Прада, Долче и Габана, Армани, Кавали и Барбери.

https://www.instagram.com/p/BrV_UpvF-7G/?utm_source=ig_embed

Уште во 2014 година, медиумите ја прогласиле за најубаво девојче на светот, а како што расте Кристина е се’ поубава. Кога имала 10 години се преселила во Калифорнија каде што потпишала договор со агенцијата LA Models, за која многу модели со искуство можат само да сонуваат. Денес има 13 години и и’ претстои светла иднина!

Ланеја Грејс

https://www.instagram.com/p/BvkAUnfhleT/?utm_source=ig_embed

Талентирано 15-годишно девојче од Сан Франциско кое многумина го споредуваат со Синди Крафорд кога била на нејзини години, поради продорниот поглед и малата бенка над усните.

Нејзината неверојатна убавина се должи на комбинацијата на гени – Ланеја носи шпанска, американска и филипинска крв. Модниот потенцијал прво го забележала мајка и’ и одлучила да ја однесе во агенција кога имала само три години.

https://www.instagram.com/p/BylGPJDhy7z/?utm_source=ig_embed

И покрај годините, Ланеја од почетокот работела како возрасна – редовни фотографирања, интервјуа, емисии. Неодамна потпишала договор со Дизни.

Експертите веруваат дека во иднина Ланеја ќе биде една од легендите во моделството.

Ира Браун

10-годишната Ира одамна ја нарекуваат „жива Барбика“. Но не станува збор за барбика која го постигнала тој изглед со пластична хирургија, туку за девојче со ангелско лице, исклучително крупни очи, прекрасни усни и веѓи.

Од најрана возраст, родителите ја носеле Ира на натпревари за убавина за најмладите, а тие денес исто така го водат и нејзиниот маркетинг.

Велат дека девојчето е воодушевено од својот живот и дека неверојатно ужива во коментарите од жирито, фотографирањето и гостувањето во емисии.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.