Јавно признала дека брка само богати и славни мажи: Се појавила во бикини и нема кој не ја „јадел“ со поглед!

Го запалила Мајами

Доминирала во минијатурно бикини

Диџејката Шантел Џефрис, инаку старлета, инфлуенсерка и моделка, пред неколку дена била уловена како ужива на плажа во Мајами и тоа во едвај видливо бикини, кое ги истакнало сите нејзини привлечни облини.

Оваа атрактивна бринета е позната по тоа што често го истакнува своето згодно тело. Сега дошле до израз нејзините бујни гради, како и рамниот стомак и совршено затегнатиот задник.

Таа шетала на плажата со огромна самодоверба, бидејќи била свесна дека сите погледи биле насочени кон неа, особено од страна на машкиот пол.

Со оглед на тоа што отсекогаш тежнеела кон совршен изглед, признала дека пред пет години вградила импланти во градите, бидејќи често варирала со тежината. Сакала градите да ѝ останат иста големина, без разлика која цифра ја покажува вагата.

„Во еден момент имав 58 килограми, па знаев нагло да ослабам и да паднам на 45 килограми. Тоа е прилично голема разлика, па моите гради постојано се менуваа. Беа млитави, можеше да ми се појават и стрии, тогаш воопшто не бев задоволна од нивниот изглед“, објаснила старлетата.

Од друга страна, отворено зборувала и за тоа дека воопшто не ги зема предвид мажите без статус, влијание и моќ. Затоа, богатите фраери почнала да ги заведува и пред 18-тиот роденден. А веќе има „уживано во љубовта“ со Џастин Комбс (синот на Паф Диди), со раперот Лил Твист и играчот на американски фудбал Џишон Џексон.

Нејзиниот список на моќни љубовници е и подолг, а на него се запишале и: раперот Тревис Скот, кошаркарот Џордан Кларксон, како и неговиот колега Кајри Ирвинг, актерот Вилмер Валдерама, јутјуберот Пол Логан, раперот Машин Ган Кели.

Но аферата што навистина ја прослави и ја направи светски позната е онаа со Џастин Бибер. Оваа романса била кратка, но доволно долга за да крене прашина, а завршила – со апсење!

Имено, старлетата била со Бибер во моментот кога полицијата го сопрела поради возење во алкохолизирана состојба. И додека го приведувале, Шантел се смеела, што ја згрозило светската јавност.

Меѓутоа, по сите бурни љубовни афери, таа моментално е сингл.

Жената со официјално најдоброто тело на светот прошета во ТОЛКУ ВУЛГАРНИ ПАНТАЛОНИ што дури и најсмелите поцрвенеа од срам (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.