„Бев силуван на 6 години, а мајка ми дозна за тоа 30 години подоцна“: Потресна исповед на познатиот музичар!

„Повраќам секогаш кога ќе се сетам на тоа“

Фронтменот на групата Mumford & Sons зборувал за достигнувањето на дното, за своето минато и за тоа како да се продолжи напред

Фронтменот на бендот Mumford & Sons, Маркус Мамфорд (35) ја напишал песната Cannibal, во која опишува што му се случило кога имал 6 години.

Песната зборува за нешто страшно што му се случило на Маркус, додека тој се обидува да најде начин како да зборува за тоа со луѓето. Песната е директна, нагласена, експлицитна…

„Сè уште можам да го вкусам и го мразам тоа. Тоа не беше избор во умот на детето и ти го знаеше тоа“, така почнуваат зборовите во песната.

„Имав шест години кога бев сексуално злоупотребуван. Тоа не беше никој од семејството, никој од црквата, што повеќето луѓе би го претпоставиле. Но никому не сум му кажал за тоа до денес, а поминаа 30 години од немилиот настан“, рекол Маркус.

„Не сум ѝ кажал ни на мајка ми. Ја преслуша песната и ме праша ‘за што е песната’. Ѝ одговорив дека се работи за злоупотребување. Беше шокирана. Ја видов кај неа потребата да ме заштити и да ми помогне. Ужасно е што мајка ми дозна што ми се случило преку песна“, изјавил Мамфорд.

Маркус има две деца со актерката Кери Малиген и сопругата го советувала да побара професионална помош по турнејата во 2018 година, кога, како што кажал, го допрел дното.

„Ѝ раскажав дека на терапиите со специјалист за трауми, повраќав секогаш кога ќе се присетев на тој настан од детството. Цело време ги потиснував сеќавањата и природно е тие работи да излезат на виделина. Целиот живот имав проблем со дишењето, но не стануваше збор за астма, туку само не можев да земам здив. Со текот на времето сфаќав зошто…“, изјавил Маркус.

„Ова е песна за срамот, кога ќе ви се случи нешто поради коешто жалите, нешто што не може да се објасни ниту да се врати времето назад…“

Овој настан е причината што заболела од рак: Зад насмевката на оваа жена се крие морничава приказна, за која денес отворено зборува!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.