Италијански пулмолог: Поради овие настани Италија е на работ на пропаст!

Експертот објаснил

„Видов дека се спрема катастрофа уште на 1 март. Влегов во собата за итни случаи и никогаш нема да ја заборавам таа глетка“, рекол докторот Ди Марко

Италијанскиот пулмолог Фабијано ди Марко изјавил дека еден од најголемите спортски настани, кој се одиграл во Милано на 19 февруари – фудбалскиот натпревар помеѓу Валенсија и Аталанта, е главната причина за катастрофалните размери на пандемијата со која Италија моментално се соочува.

„Тој натпревар беше биолошка бомба, 40 илјади жители на Бергамо присуствуваа на тој натпревар. Заминуваа со автобуси, возови, автомобили… На натпреварот присуствуваа и 2.500 навивачи од Валенсија“ изјавил Ди Марко.

Во прилог на оваа теорија говори и фактот што само шест дена пред споменатиот натпревар во Валенсија починал маж кој бил позитивен на коронавирус.

За жал, тој факт стана познат дури неодамна, по ексхумацијата на неговото тело и аутопсијата. Тоа воедно била и првата потврдена жртва на овој вирус Шпанија, каде што бројот на починати, во меѓувреме, се искачи на 1725.

Со оваа теорија на Фабијано ди Марко, дека соменатиот натпревар би можел да биде изворот на масовното ширење на заразата, се согласува и инфектологот Масимо Гали, началник на одделението за инфективни болести во болницата „Сако ди Милано“.

„Тој натпревар најверојатно би можела да биде причината за масовното ширење на вируост КОВИД-19.“

Десетина илјади луѓе од едно подрачје, концентрирани на едно место, е релевантен фактор за толку брзо ширење на заразата.

За тоа колкава е веројатноста за едно вакво сценарио, говори и фактот што моментално двата убедливо најзагрозени градови во Италија се токму Милано и Бергамо.

Италијанскиот пулмолог смета дека Италија не била подготвена за она што следувало:

„Знаев дека се спрема катастрофа на 1 март. Рано наутро влегов во собата за итни случаи и видов глетка што никогаш нема да ја заборавам. Тоа беше војна, немам подобра дефиниција. Насекаде имаше пациенти со проблеми со дишењето, воспаление на белите дробови, се бореа за воздух. Беа во колички, на носилки, во чекалниците – насекаде!

Ги отворивме сите простории за пациенти и сите беа полни. Болницата за 24 часа потроши 5.000 маски со филтер. Завладеа потполна паника.“

Италија моментално ја води најтешката битка со коронавирусот, со огромен дневен биланс на мртви, кој во неделата беше убедливо најголем досега – 793 починати лица.

Прочитајте и кога коронавирусот може да стане смртоносен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.