Во Вухан нема ниту еден заразен со коронавирус: Почна тестирањето на вакцината против новиот вирус!

Охрабрување

Ни пристигнуваат прекрасни вести од Кина

И денес не е пријавен ниту еден случај на зараза со новиот коронавирус во Вухан.

Како што објавил кинескиот дневник на англиски јазик Global Times, во петокот почнало тестирањето на вакцината против новиот коронавирус САРС-КоВ-2.

Првата инјекција ја примиле 108 доброволци, поделени во три групи.

Доброволците имаат од 18 до 60 години и сите се од градот Вухан, каде што се појави КОВИД-19 во декември. Нивната здравствена состојба ќе биде следена шест месеци.

Мултинационалните фармацевтски компании во четвртокот најавија дека за вакцината против САРС-КоВ-2 ќе бидат потребни најмалку 12 до 18 месеци.

Истовремено Русија соопшти дека почнала со тестирање вакцини на животни. Првите резултати ќе бидат познати во јуни.

Кинеските власти регистрирале 39 заразени меѓу луѓето што пристигнале од странство. Властите пријавиле и девет смртни случаи во Вухан.

Кина досега забележала вкупно 81.093 случаи на зараза со новиот вирус и 3.270 смртни случаи.

Од пандемијата на коронавирус, во светот до денес починале повеќе од 14.000 луѓе.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.