Идрис Елба: „Коронавирусот повеќе влијае врз мојот брак отколку врз моето здравје!“

Искрено

Актерот Идрис Елба е во карантин со својата сопруга Сабрина веќе 13 дена

Идрис Елба (47) признал дека карантинот со сопругата Сабрина (29) всушност бил тест за нивната врска, откако парот открил дека и двајцата имаат коронавирус.

Парот веќе 13 дена е во карантин и на Инстаграм одговарале на прашањата од обожавателите:

„За сега се чувствувам добро. Работам на сочувањето на моето ментално здравје… Само се обидувам да го разбистрам умот. Спокојни сме, иако вчера имавме една караница. Морав да одам во друга соба. Ова дефинитивно е тест за нашиот однос и хуманоста“, додал актерот.

Неговата сопруга Сабрина (29) не била заразена со коронавирус, но одбила да се одвои од сопругот за време на неговиот карантин, па и таа на крајот го добила вирусот.

https://www.instagram.com/p/B8joe1dBG2q/?utm_source=ig_embed

„Короната се’ повеќе се доживува како закана, страв од смртта. Сите си помислуваат: ’О Боже, ќе умрам!’. Но сфатив дека тоа е само еден дел од овој вирус, и поради тоа се чувствував подобро. Среќен сум што немам симптоми на болеста. Луѓето не го разбираат тоа. Но не порекнувам и дека луѓе умираат од коронавирус“, навел актерот.

Неговата сопруга исто така се чувствува добро, но очекуваат наредните недели да се покажат некој од симптомите на вирусот.

Парот се труди да го минува времето креативно додека се во карантин.

Прочитајте го и огласувањето на Идрис Елба откако дозна дека е заразен со коронавирус.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.