Кога ќе се развие овој симптом, коронавирусот може да стане смртоносен: Овие луѓе се изложени на најголем ризик!

Докторите објаснуваат

Фото: Илустрација

Во повеќето случаи, овие пациенти ќе мора да добиваат дополнителен кислород и механичка вентилација (респиратор) набрзо по појавата на првите симптоми

Повеќето луѓе (околу 80%) страдаат само од благи симптоми на коронавирус. На преостанатите 20% им треба хоспитализација, но за некои пациенти, новиот вирус може да биде смртоносен.

Една од компликациите опасни по живот што може да настане како последица на коронавирус е акутен респираторен синдром или синдром на акутен белодробен едем.

Новите истражувања од магазинот на Американското медицинско здружение, сугерираат дека повеќе од 40% поединци кои биле хоспитализирани поради тешките и критични симптоми на КОВИД-19, го развиле овој синдром, а повеќе од 50% од дијагностицираните починале од оваа болест.

Што точно е синдром на акутен респираторен синдом (АРС)?

Американското здружение на пулмолози вели дека АРС е многу прогресивна болест која може да се јави кај критично болните пациенти, пред се’, кај оние на кои им е дијагностицирана тешка болест како последица на коронавирусот.

АРС понекогаш на почетокот се дијагностицира како пневмонија или белодробен едем (течност во белите дробови поради срцева болест), а според ова здружение, оние со АРС често имаат отежнато дишење, кашлица и температура. Брзото срцебиење и забрзаното дишење исто така се појавуваат кај пациенти со АРС, заедно со болки во градите, особено за време на вдишувањето.

„АРС се манифестира како брзо и прогресивно настапување на многу отежнато дишење“, вели пулмологот Шевин Такјар.

Болеста може да биде предизвикана од директна повреда на белите дробови (воспаление, аспирација или вдишување чад) или со индиректна повреда на белите дробови (сепса, трансфузија на крв или реакција на лекови). Иако многумина не би развиле АРС, дури ни со вакви повреди, постојат некои фактори на ризик како пушење цигари, употреба на кислород, прекумерна тежина и неодамнешна хемотерапија.

Во повеќето случаи овие пациенти ќе мора да добиваат дополнителен кислород и механичка вентилација (респиратор) набрзо по почетокот на симптомите.

Во некои случаи, ако продолжи воспалението и течноста во белите дробови, некои пациенти што страдаат од АРС ќе развијат лузни на белите дробови (фибротички стадиум на АРС). Кај други потешки случаи, може да дојде до пневмоторакс (воздух во белодробната марамица) или колапс на белите дробови.

Според Американското друштво на пулмолози, стапката на смртност од АРС изнесува 30-40% од оние на кои им е дијагностицирана болеста. Кај оние што ќе оздрават, функцијата на белите дробови постепено се подобрува во период од шест месеци до една година, па дури и тогаш остануваат значајни лузни.

Оние што ќе преживеат АРС, исто така може да страдаат од анксиозност, депресија и посттрауматично стресно нарушување како последица на нарушениот квалитет на живот и ослабените белодробни функции.

Како КОВИД-19 доведува до АРС?

Слично на многу други вируси, новиот коронавирус или САРС-КоВ-2 може да ги зарази и оштети клетките на белите дробови, поставувајќи основа за појава на АРС.

„Се смета дека оштетувањето и воспалението предизвикани со инфекцијата доведуваат до неисправност на васкуларната функција на белите дробови“, објаснува докторот.

Кога тоа ќе се случи, нарушена е размената на кислород во телото. Кај вирусите што предизвикуваат воспаление на белите дробови (како КОВИД-19), поголема е веројатноста да предизвикаат АРС.

Кај пациентите во доцните фази на новата коронавирусна инфекција, откако веќе им настанале сериозни оштетувања на белите дробови, телото ќе се обиде да се бори против вирусот со тоа што ќе испраќа имунолошки клетки во белите дробови, а тоа на крајот предизвикува воспалителна реакција. Всушност, АРС кај коронавирусот не се јавува директно поради самиот вирус, туку е повеќе поврзан со воспалението, односно со реакцијата на телото на вирусот.

Според претходните истражувања, експертите заклучиле дека повозрасните луѓе се во ризична група за развој на АРС, како и за фатални последици, најверојатно поради ослабениот имунолошки одговор.

Покрај тоа, авторите забележале дека пациентите заболени од АРС кои имаат покачена температура, полесно оздравуваат, бидејќи нивното тело посилно се бори против инфекции.

Алтернативно истражување објавено во јануари во стручниот магазин The Lancet исто така открило дека АРС може неверојатно брзо да се развие кај заболените од коронавирус од критичната група. Овие научници откриле дека АРС се развил кај 17% од дијагностицираните случаи со КОВИД-19, меѓу кои кај 11% се влошил за краток временски период и починале од АРС или други сериозни компликации, како што е откажувањето на повеќе органи.

Дознајте и зошто не треба да се грижите доколку имате олку висока температура.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.