Исплива фотографија од Џејсон Момоа БЕЗ БРАДА: Одеднаш од заводлив фраер се претвори во ДЕДО – неверојатно е дека е истата личност (ФОТО)

Шоубизнис

Неодамна, на социјалните мрежи се појави една интересна фотографија која крена голем прав – на неа е прикажан актерот Џејсон Момоа со брада, а потоа и без неа.

Разликата е навистина огромна, а се чини дека токму овој детаљ е она што познатиот 43-годишен актер го претвори во еден од најсексапилните мажи на денешницата.

Однапред им се извинувам на сите жени, е напишано покрај овој интересен колаж, кој најдобро сведочи за тоа колку брадата може да го промени изгледот на мажот.

Реакцијата на јавноста беше доста бурна, а оценката е едногласна – брадата им е дар на мажите во зрелите години и за нив го прави истото што прави шминката за жените.

Но треба да се напомене дека фотографијата на која актерот нема брада е фотошопирана, така што не можеме да бидеме 100% сигурни дека изгледа така.

Иако ваквите моменти се навистина ретки, холивудскиот шармер во минатото се прикажуваше како всушност изгледа кога се откажа од својот заштитен знак (брадата), иако е факт дека е привлечен со неа, многу е убав и кога нема брада.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.