Долг од 53,9 МИЛИОНИ ФУНТИ: Водечката продавница на Викторија Бекам во Лондон БЕЗ РЕДИЦИ на црн петок, компанијата е пред БАНКРОТ? (ФОТО)

Шоубизнис

Љубителите на шопинг минатиов петок ги заобиколија продавниците на познатата дизајнерка.

Фотографиите кои се направени во 10 часот наутро, за време на „црниот петок“ на 25 ноември, покажуваат дека никој не чека да влезе во продавницата на улицата Довер, во Лондон.

Изгледа дека никој од потрошувачите не бил заинтересиран да ја посети продавницата на брендот на Викторија Бекам. Дали поради високите цени, или можеби во продавницата на Викторија Бекам за „црн петок“ немаше попусти, ќе остане непознато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Четириесет и осумгодишната дизајнерка, која ја лансира модната линија во 2008 година, го започна својот бизнис со колекција на фустани, а подоцна го прошири на чанти, капути, аксесоари и облека.

Но, изгледа дека овој бизнис е на „тенки нозе“, бидејќи претставникот на брендот откри како стои брендот финансиски за „Д Мирор“. Во известувањето се наведува:

Вкупните приходи на групацијата Victoria Beckham Holdings се 6 % повеќе на 36,1 милион фунти поради ефектот на глобалната пандемија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Во сметките доставени за 2021 година објавено е дека компанијата имала долгови повеќе од 46 милиони фунти, откако е отворена.

Пријателите на ѕвездата тогаш рекоа дека таа одлучила да продолжи со својата компанија, проширувајќи ја дејноста и на козметички производи, бидејќи таа едноставно го сака тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Викторија остана мотивирана да продолжи да ја унапредува својата компанија, иако нејзините ментори ја отфрлија нарекувајќи ја „проект на суета“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.