Има тело како на 20-годишничка, а лицето ѝ изгледа како да има 60: Таа е жив доказ дека жената си е својот најголем непријател!

Се уништила

Пример за тоа како не треба да изгледа жена во 40-те години

Француската манекенка и телевизиска актерка Анџелик Морган гордо го покажала своето тело во розово бикини на плажа во Малибу.

Ако не знаете ништо за неа, тогаш нејзиниот изглед би можел да ве збуни – кога ќе ја видите одзади, ќе помислите дека станува збор за вита адолесцентка поради совршената фигура. Сепак, кога ќе ѝ го видите лицето, би кажале дека сигурно има барем 60 години и безброј очајни обиди да изгледа помладо.

За нејзината вита линија заслужна е исхраната и напорните тренинзи, што се гледа по нејзините убаво дефинирани мускули на целото тело, но она што го нарушува целокупниот изглед е претерувањето со силиконите и естетските зафати, од кои Анџелик е зависна.

Неприродно големите и истакната усни и уште поголемите гради направиле да изгледа доста повозрасно, па кој би рекол дека таа всушност е помлада од Џенифер Лопез, Моника Белучи, Елизабет Харли и Селма Хајек?

Анџелик има 45 години и е жив доказ дека ништо не може да ја уништи жената како што може да се уништи самата.

Вака треба да изгледа жената во петтата деценија: Џенифер Гарнер ја покажала извајаната фигура, но и целулитот во костим за капење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.