Вака треба да изгледа жената во петтата деценија: Џенифер Гарнер ја покажала извајаната фигура, но и целулитот во костим за капење!

Топ-форма

Секоја чест за Џенифер!

Џенифер Гарнер прошетала на плажа, а сите погледи биле вперени во нејзин правец. Таа овој пат одбрала едноделен костим за капење и во потполно природно издание уживала во убавото време на плажа.

Џенифер редовно вежба и се негува, па не е ни чудо што е во топ-форма и на 48 години, и претставува вистински пример за тоа како треба да изгледа една жена во петтата деценија.

По објавувањето на фотографиите пристигнала лавина позитивни коментари. Ниту целулитот на нејзините нозе не им пречел на обожавателите.

„Вистинската жена има несовршености. Ако Џенифер самоуверено ги носи сите недостатоци, можам и јас. Убава и природна жена од која треба да се учи“, можело да се прочита во морето коментари.

Актерката и самата нагласувала дека изгледот не ѝ е на прво место и дека е свесна за своите години и за тоа дека не може да изгледа еднакво добро како кога имала 20, но признала дека работи на себе и дека не ги прескокнува тренинзите.

На изгледот би ѝ позавиделе и двојно помлади девојки: Актерката изгледа феноменално на прагот на шестата деценија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.