Фотографија од најсексапилниот маж на светот во екот на гласините дека се разведува поради колешка: Овој детаљ открива сè!

Џејсон Момоа

Фото: Getty Images

Разводот на Џејсон Момоа ја изненади светската јавност, а како причина за тоа се наведува неговата атрактивна колешка

Популарниот актер, кој врвот на својата слава го достигна со улогата во хит-серијата „Игра на тронови“ и филмот „Аквамен“, Џејсон Момоа (42), неодамна одлучи да стави точка на љубовната приказна долга 21 година со Лиса Бонет (54), со која има две деца, ќерка Лола (14) и син Нако Вулф (12).

Тие крајот на својата љубов го споделија во заедничка објава на Инстаграм.

„И така ја споделуваме веста дека се разведуваме. Не затоа што мислиме дека треба да се соопшти тоа, туку за да продолжиме со своите животи достоинствено и чесно. Љубовта помеѓу нас продолжува, се развива на начин на којшто сака да биде познавана и живеена. Се ослободуваме еден од друг за да бидеме она што учиме да станеме“, напишаа бившите сопружници тогаш.

Неодамна во јавност се појавија и првите фотографии од атрактивниот актер по разводот, а судејќи по нив, Џејсон се однесува како ништо да не се случило.

Папараците го фотографирале актерот пред продавница во Лос Анџелес, а Момоа во раката носел картонска кутија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fanpage. (@christiane_momoa)

Неговиот стајлинг бил комплетно опуштен, а лицето се обидел да го покрие со црна беретка и маска во истата боја, како и со очила за сонце.

Особено интересно е тоа што актерот не носи венчален прстен, а по толку години тоа е детаљ што навистина привлекува внимание.

Да се потсетиме, одредени светски медиуми ја обвиниле контроверзната колешка на актерот Амбер Херд за ненадејниот развод на Џејсон и Лиса, со која популарниот Аквамен продолжил да се гледа и по снимањето на тоа филмско остварување.

Се вљубил во неа кога бил момче, се сакаа 16 години, а сега се разведуваат: Фановите веруваат дека оваа жена им го уништила бракот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.