Се вљубил во неа кога бил момче, се сакаа 16 години, а сега се разведуваат: Фановите веруваат дека оваа жена им го уништила бракот!

Џејсон Момоа и Лиса Бонет

Како гром од ведро небо одекна веста дека Џејсон Момоа и Лиса Бонет се разведуваат

Американскиот актер Џејсон Момоа (42) и актерката Лиса Бонет (54) долги години важеа за еден од најхармоничните парови во Холивуд. Нивната љубов траеше 16 години, од кои во брак беа 5 години, а добија и две деца, ќерката Лола (14) и син Нако Вулф (12).

Изгледаше како ѕвездата од филмот „Аквамен“ и серијата „Игра на тронови“ да ја обожава својата сопруга, поради што дури и доби прекар „најголемиот папучар во Холивуд“, па не е ни чудно што многумина се шокирани од објавата на двојката дека се разведуваат.

„Љубовта меѓу нас продолжува и се развива на начин што сакаме да биде значаен и проживеан. Да се ослободиме еден од друг за да бидеме она што учиме да станеме. Нашата посветеност кон светиот живот и децата е непоколебливо. Ги учиме децата на сè што е возможно. Ја живееме молитвата. Нека владее љубовта“, напишаа во заедничката објава.

Дури и по оваа неочекувана објава, дел од обожавателите упорно се надеваа на нивно смирување, а сега на социјалните мрежи се проширија гласини дека за разводот виновна е трета личност.

Имено, обожавателите вперуваат прст во актерката и неговата колешка од „Аквамен“ Амбер Херд (35), како виновничка за распадот на бракот на Момоа.

Тие сметаат дека официјално најсексапилниот маж на светот всушност е во врска со колешката од „Аквамен“, Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп, која сè уште води судска битка со славниот актер.

Еден од главните аргументи на обожавателите што ја обвинаат Амбер е тоа што и Џони Деп ја раскинал претходната врска откако глумел со Амбер.

Па така, на Твитер многу фанови мислат дека зад сето тоа постојат поедноставни причини. Токму кога Амбер и Џони Деп првпат се сретнале на снимањето на филмот The Rum Diary од 2009 година, тогаш и ја започнале својата врска, па некои фанови се уверени дека нешто слично се случило помеѓу Момоа и Амбер на снимањето на „Аквамен“ и „Изгубеното кралство“.

https://twitter.com/starshine_3/status/1481464060357054465?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1481464060357054465%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F168953%2Fbio-je-zaljubljen-u-nju-jos-kao-decak-voleli-su-se-16-godina-a-sada-kao-grom-iz-vedra-neba-se-rastaju

Да се потсетиме, Џејсон Момоа и Лиса Бонет се запознале кога тој живеел во хотелска соба, по што ја поканил на состанок, а покрај тоа, морал да ја замоли таа да вози, бидејќи немал свој автомобил.

Фото: Инстаграм

Лиса се согласила и кога во кафулето го нарачала неговото омилено пиво, тие веднаш се поврзале. Во врска запловиле во 2005 година, а се венчале во 2017 година.

Момоа во интервјуата често истакнувал дека во Лиса се вљубил кога имал само 8 години.

„Кога имав осум години и кога ја видов на телевизија, реков: ‘Мамо, ја сакам неа’“, изјавил во 2017 година.

Инаку, бракот со Момоа беше вториот брак за Лиса. Пред него беше во брак со музичарот Лени Кравиц, со кого ја има ќерката Зои Кравиц, со која и Џејсон е исто така многу поврзан.

Се разведуваат „Акванмен“ и Лиза Бонет: Актерите официјално објавија дека нивната љубов прекинала! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.