За стан „искеширала“ 1.500.000 евра, џакузито го кревала со дигалка: Во овој луксуз живее Вики Миљковиќ! (ВИДЕО)
Има се - може се!
Пејачката Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Таске инвестирале пред неколку години во станови во елитната населба Белград на вода и така запловиле во нов бизнис.
Во специјалното издание на „Папарацо лов“, гледачите можеле да ги видат домовите на познатите, меѓу кои се нашла и оваа луксузна недвижност на популарната пејачка.
View this post on Instagram
Откако ја продала куќата на Бежаниска коса, Вики се преселила во огромниот стан во една од двете кули во овој комплекс.
Покрај тоа, таа купила уште два стана, кои наводно ги издава. Во еден од становите таа качила и џакузи на терасата, а тие кои биле во становите, рекле дека биле луксузно опремени, па се проценува дека инвестицијата не била помала од 1.500.000 евра.