Најдобриот чорбест грав по рецепт на нашите баби: Проверен ручек, сигурно ќе барате репете!

Совршено јадење

Рецепт за чорбест грав што често ќе го правите оваа зима

Задолжителен на трпезата во зимските месеци, гравот е едно од омилените јадења на многу генерации. Се приготвува едноставно и не постои човек што не знае да го приготви. Ова е проверен, традиционален рецепт.

Состојки:
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 моркова
  • 400-500 г грав
  • сол, бибер, мелена пиперка
  • суви ребренца и малку сува сланина
  • 1 лажица маст
  • 1 лажица брашно
Приготвување:
  • На маст издинстајте половина главица кромид, лук и морков.
  • Додајте го гравот што цела ноќ бил потопен во вода.
  • Потоа, додајте ја сланината исечкана на коцки и сувите ребренца.
  • Додајте зачини.
  • Во лонецот сипете вода и оставете да се крчка околу еден и пол час (додека се сварат зрната грав).
  • Пред крајот, направете запршка така што ќе ја пропржите половината кромид што ви останала, малку мелена пиперка и лажица брашно.
  • Сипете вода во гравот и оставете го да се крчка уште неколку минути.
Грав со свински бут: Топло јадење полно со витамини што ќе ви ја згрее душата!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.