Џил Бајден по само неколку месеци го постигна она што на Меланија не ѝ успеа ни по 4 години: Дали ова е срамота?

Што мислите?

Првата дама на САД и сопруга на Џо Бајден во големо интервју за американскиот „Вог“ рекла дека земјата почнала да дише откако се ослободила од Трамп

Првата дама на САД и сопруга на американскиот претседател Џо Бајден, Џил, осамнала на насловната страница на американскиот моден магазин „Вог“ во изданието за јули. На балконот од Белата куќа пред Овалната канцеларија, Ени Лебовиц, познатата американска фотографка на портрети, ја фотографирала првата дама во темносин фустан со цветен дезен на брендот „Оскар де ла Рента“.

По Хилари Клинтон и Мишел Обама, Џил стана третата сопруга на претседател што доби своја насловна страница, а „мандатот“, што се вели, не ѝ ни започнал.

Прашина секако подигна и фактот што тоа не ѝ успеа на Меланија Трамп ни по цел мандат. Љубителите на модата, но и обожавателите на Меланија Трамп се прашуваат зошто е тоа така?

Сите знаеме дека Меланија Трамп веќе се има појавено на насловната страница на најпрестижниот моден магазин „Вог“, но пред 16 години и тоа како свршеничка на познатиот бизнисмен Доналд Трамп, во венчаница вредна стотици илјади долари.

Се поставува прашањето дали политиката толку многу има навлезено во модата, што беше несоодветно да се слика за насловна убавата Словенка додека беше на позиција на прва дама на Америка поради сопругот кој не беше прифатен во интелектуалните кругови на Ана Винтур? Одговорот, за жал, е да. Сите би сакале да ја видиме прекрасната Меланија на насловната страница на „Вог“ како носи креација на некој познат моден креатор.

Дали се согласувате?

Она што Џил Бајден го постигнала за само две недели, Меланија не успеала да го постигне ни за 4 години: Бившата прва дама врие од љубомора!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.