Најдобар паметен мобилен телефон – Samsung Galaxy S21 Ultra 5G: Препознаен по своите премиум карактеристики и иновативен дизајн

Samsung Galaxy S21 Ultra 5G ја освои наградата Global Mobile Awards за најдобар паметен мобилен телефон на MWC 2021

Samsung Galaxy S21 Ultra 5G е паметниот телефон што победи во категоријата „најдобар паметен телефон“ на Global Mobile Awards (GLOMO Awards), одржани во текот на Mobile World Congress 2021 (MWC 2021).

Годишните GLOMO-награди претставуваат признание за вредностите на хардверот, софтверот и на услугите, кои ширум светот поттикнуваат на иновативност во индустријата на мобилни уреди.

На свеченото доделување на наградите на 30 јуни, Samsung Galaxy S21 Ultra 5G беше прогласен за „најдобар паметен телефон“ во 2020 година.

Паметниот телефон кој, покрај професионална камера и премиум-карактеристики, има и интелигентен екран, е вистинскиот избор за корисниците што сакаат да прават убави и детални фотографии. Тој е воедно првиот уред од серијата „S“ што го поддржува S Pen, паметното пенкало дизајнирано за поголема продуктивност на корисникот.

Со елегантен дизајн и многу одлики, Samsung Galaxy S21 Ultra 5G го претставува најдоброто од инженерството на „Самсунг“.

Андроид паметниот телефон со широк спектар на карактеристики, зачудувачки AMOLED-дисплеј, најдобри камери во својата класа и многу, многу повеќе, е достоен победник во категоријата ‘најдобри паметни телефон’“ во 2021 година“, рече стручното жири.

 

Во потесниот избор од оваа категорија се најде и Samsung Galaxy S20 FE, со што омилените карактеристики на водечкиот паметен телефон Galaxy S20, вклучувајќи ги тука неверојатна AI-камера и прекрасен екран Infinity-O 120Hz, се доближуваат до поголем број корисници.

Чест ни е што добивме признание во ваква конкурентна категорија на годинешните GLOMO-награди. Потребите на корисниците, кои се разновидни и динамични, се менуваат и продолжуваат да растат, затоа сме посветени на развој на уреди што ги сакаат корисниците во светот. ‘Самсунг’ има долга историја на иновации, со која особено се гордееме, и посветени сме на испорака на уреди кои одговараат на потребите на нашите клиенти, сега и во иднина“, рече Стефани Чои, виш потпретседател и раководител на маркетинг, дејност: мобилни комуникации во Samsung Electronics.

Им честитаме на сите добитници и номинирани на GLOMO-наградите 2021. Со оглед на предизвикувачките околности со кои се соочуваме во последните 15 месеци, важно е да се сретнеме за да ги препознаеме неверојатните иновации и генијалност што ја обликуваат нашата индустрија, но исто така позитивно влијаат на светот околу нас“, заклучи Џон Хофман, извршен директор на GSMA Ltd.

За повеќе информации за најновите уреди Galaxy и услуги посетете ги:

news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com, www.samsung.com.

Samsung Electronics Co.,Ltd инспирира луѓе и ја обликува иднината со идеи и технологии кои ги подобруваат нашите животи. Компанијата го менува светот на телевизорите, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи, складирањето, полупроводниците и LED-решенијата.

Пронајдете ги најновите информации во Samsung Newsroom, на news.samsung.com.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.